Фармацевти
Контакт

<< Назад

Здрав животен стил

април 1, 2021

Д-р Емилија А. Шиколе Уневска
Специјалист по клиничка фармакологија

|



Нашиот организам постојано е изложен на таканаречените слободни радикали.

Слободните радикали се производи на метаболизмот кои се јавуваат природно во организмот. Тие се кислородни соединенија на кои им недостасува еден електрон. За да се стабилизираат, тие се стремат да земат електрони од друг атом или молекула. При таа реакција се формираат нови радикали, кои за возврат, исто така, земаат електрони од други супстанции. Оваа верижна реакција доведува до постојано зголемување на слободните радикали во телото.

Оксидативниот стрес е последица од нерамнотежата помеѓу „добрите“ антиоксиданти и „лошите“ слободни радикали во организмот.

На долга патека, оксидативниот стрес придонесува за појавата на тумори, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања и мозочни заболувања.

Најпознатите причини за оксидативен стрес ги вклучуваат следниве фактори:



Невозможно е комплетно да се избегне настанувањето на оксидативен стрес во организмот, но постои начин да се намали преку исхраната. Храната од растително потекло, како овошје и зеленчук, мешунки и ореви се богати со антиоксиданти. Се препорачува особено „семафор“ овошје и зеленчук како спанаќ или грозје (зелено), домати, бобинки (црвено), моркови, јаболка (жолто/портокалово). Минералите кои се важни за ензимскиот одбранбен систем главно се наоѓаат во производи од риба, месо и јајца. Се препорачува два пати во седмицата да се консумира месо.

Во денешново стресно секојдневие честопати не е лесно целосно да се задоволи потребата од антиоксиданти. Затоа, додатоците во исхраната, исто така, можат да помогнат во снабдувањето на организмот и клетките со доволно хранливи материи.

Од додатоците во исхрана би ги издвоила следните како поважни:

  1. Витамин А (ретинол) –игра есенцијална улога во подобрување на функцијата на ретината, во растот на коските, како и во диференцијација на епителното ткиво. Храна која содржи витамин А: говедски и јагнешки црн дроб, лосос, туна, сладок компир, спанаќ, моркови и црвени пиперки.

  2. Витамин Ц – хидросолубилен витамин кој телото не може да го произведе и е неопходно да се внесе со исхраната. Тој игра улога во зајакнување на имунолошкиот систем преку зголемена продукција на лимфоцити и фагоцити и на тој начин го штити телото од инфекции. Ги врзува слободните радикали кои се производ на оксидативниот стрес и го штити телото од хронични заболувања. Исто така, ја зголемува апсорпцијата на железо во организмот, ги намалува триглицеридите во крвта и со тоа дејствува врз регулирање на крвниот притисок. Храна која изобилува со витамин Ц: лимони, портокали, зелка, пиперки, јагоди, брокули, компир.

  3. Витамин Д – липосолубилен витамин кој ја регулира количината на калциум и фосфати во телото, а со тоа ги одржува забите, коските и мускулите. Тој има важна улога во имунолошкиот одговор преку активирање на Т-лимфоцити (клетки убијци), кои веднаш го уништуваат секој детектиран патоген вирус. Овој витамин се создава во организмот кога сме експонирани на сонце, но голем дел од луѓето имаат недостиг на витамин Д и затоа треба да се внесе дополнително, како додаток во исхрана. Храна која е богата со овој витамин: лосос, туна, сардина, црн дроб, жолчка од јајце.

  4. Коензим Q10 – е липосолубилен антиоксидант кој телото само го произведува. По 25-та година од животот количината на коензимот Q10 значително се намалува, при што треба да се внесе преку храна и додатоци во исхрана. Освен на овој начин, неговата продукција во телото се намалува и кај пациенти кои земаат статини. Игра голема улога во синтеза на ATP (аденозин-трифосфат) и ги засегнува сите клетки во телото, а посебно оние кои имаат најголема потрошувачка на кислород, како што се срцето, мозокот и бубрезите.


Извор на коензим Q10: лосос, харинга, туна, јагоди, карфиол, брокули. Доколку не е доволен внесот преку храната, може да се земе додаток во исхрана коензим Q10 заедно со оброк. Апсорпцијата на додатокот во исхрана е зависна од присуството на масти во оброкот.

Покрај сите претходно набројани нутритиенти, треба да обрнеме внимание и на психичкото здравје и секогаш да се трудиме да го правиме она што нас нè прави среќни и исполнети, затоа што во тие моменти се лачи серотонин кој освен што е хормон на среќа  го зајакнува и нашиот имунолошки систем.

За детално читање на овој текст, погледнете на 28-29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>