Фармацевти
Контакт

<< Назад

ЗДРУЖЕНИЕ НА ДИЈАБЕТИЧАРИ НА ОПШТИНА БИТОЛА

ноември 1, 2022



Здружението на дијабетичарите на општина Битола постои од 2008 година, а јас сум член и претседател од 2018.

Мојата активност во Здружението има цел да се подигне свеста на населението за превенција од настанување дијабетска состојба, подобрување, одржување и контрола на состојбата на лицата со веќе добиен дијабетес тип 2, како и превенција од последиците од дијабетската состојба.

Бројот на лицата со дијабетес тип 2 во Битола е загрижувачки голем, но и со секојдневен пораст. Тоа уште повеќе ги оправдува нашите активности во правец на едукацијата. Класичната медицина се занимава со дијагностицирање и третман на дијабетесот со соодветна терапија, но здравствениот систем не е организиран со советувалишта за многу важниот дел во понатамошниот третман на дијабетесот тип 2.

Имајќи го предвид фактот дека причина за појава на дијабетес тип 2 е начинот на живеење (исхраната, физичката активност), тоа значи дека со неговата промена може да се подобри состојбата, па во одредени ситуации и да се надмине.

Ако за некоја болест треба најмногу едукација на пациентот за водење и управување на состојбата, тоа е дијабетесот. Но, ако се врши едукација, а не се применат практично знаењата, тогаш тоа е како да добиете чек, а да не го искористите.

Со цел да го поттикнеме населението за големата важност на едукацијата ја формиравме Школата за дијабетичари со мото

„Патот на дијабетесот“, на која сѐ уште учествуваат мал број пријавени лица, но со текот на времето се надеваме дека ќе поттикнеме многу повеќе.

Со цел да биде опфатена поголема популација, која сака, а не е во можност да присуствува на предавањата, создадовме електронски едукативен центар, кој е поставен на нашата фејсбук-страница со името Здружение на дијабетичарите на општина Битола. Настојуваме сите битни моменти од предавањата да ги објавиме како видеоснимки.

Во едукацијата на Школата за дијабетичари учествуваат стручни лица, кои се упатени во третманот на дијабетесот тип 2, итоа: лекари, нутриционисти, фармацевти, психолози и психијатри од Битола, но и пошироко.

Јас како претседател, но и пациент во текот на овој четиригодишен период, научив како да управувам со мојот дијабетес и не само да го држам под контрола, туку постигнав и да го намалам значително бројот на инсулин- ските единици, се разбира, во консултација со мојот лекар интернист.

Затоа можам да испратам силна порака до сите што се соочуваат со дијабетес тип 2 дека треба да се едуци- раат, некои сами, некои со помош на организираните предавања.

На тој начин ќе си го подобрат квалитетот на животот, кој е битен, прво, за себе, за своето семејство, но и за пошироката заедница. Сакам да информирам дека на 19 октомври ќе продолжиме со циклус предавања на Школата за дијабетичари, на која предавање ќе одржат: д-р Габриела Гулевска, специјалист по семејна медицина и ментор, едукатор на Катедрата за семејна медицина при УКИМ.
м-р Билјана Солунчевска, психолог во Психијатриската болница во Демир Хисар, активен член во Здружението, но и член на извршниот одбор на СЗДСМ.

Препорачуваме присуство на сите лица што имаат каква било состојба со дијабетес, како и членовите на нивното потесно семејсво.
Што се однесува до активностите на лицата што имаат дијабетес тип 1, Здружението прави напори да ги активира и нив, меѓутоа очигледно сѐ уште нема вистински интерес иако за нивната состојба има потреба од многу повеќе и посериозни советувања.

Тоа се млада популација за која состојбата е уште позагрижувачка бидејќи најчесто тие се оставени сами на себе и покрај тоа што некои од нив кажуваат дека си знаат сѐ, но нивните последици, кои веќе ги доживуваат поради неправилно управување со дијабетесот, го кажуваат спротивното. Со тоа, од една страна, добиваме млади лица што не се доволно работоспособни, а трошоците за нивното лекување се многу големи, од друга.

„Дијабетичари од сите возрасти обединете се“, само така можеме да си помогнеме.

Не треба да ја занемаруваме состојбата која се нарекува тивок убиец. Тоа е мојата порака до сите што имаат некаква допирна точка со дијабетесот тип 2, а за дијабетесот тип 1 оваа порака е двојно посилна. Се надевам дека в година ќе постигнеме повеќе во нашата мисија за борба со дијабетесот.

За детално читање на овој текст, погледнете на 22-23 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Ноември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>