Габриела Качакоска-Нанеска
Дипломиран фармацевт
ПЗУ АПТЕКА БИОЛЕК 3, ПРИЛЕП
|
Витаминот Д претставува липосолубилен витамин, односно витамин што се раствора во масти. Овие витамини се складираат во телото на човекот и се создаваат резерви, за разлика од хидросолубилните витамини кои се растворливи во вода и вишокот од нив се исфрла преку урината.
Постојат две форми на витамин Д: витамин Д
3 (холекалциферол) и витамин Д
2 (ергокалциферол).
Витаминот Д
3 е поефикасен во зголемување на концентрацијата во неговата активна форма во организмот, за разлика од витаминот Д
2.
Главни извори на витамин Д
3 (холекалциферол) се сонцето, храната и додатоците на исхраната. Витаминот Д
3 е единствениот Д витамин кој може телото да го произведува, благодарение на сончевата светлина неговата синтеза започнува во кожата. Тој претставува важен елемент за метаболизмот на калциум и фосфор, со тоа што овозможува нивна ресорпција и складирање во коските. Бидејќи сè поголем број луѓе го избегнуваат сонцето, неговата примена е неопходна преку додатоци на исхрана со цел да се добие потребната количина на витамин Д
3.
Неговата улога во целиот организам е многу важна:
- Како имуномодулатор има големо влијание во штитењето од вирусните и бактериските заболувања;
- Здрави коски кај постари лица, бидејќи како што спомнавме учествува во метаболизмот на калциум и фосфор и на тој начин превенира од остеопороза;
- Важен елемент кај деца и новороденчиња со тоа што заштитува од појава на алергии од храна, зголемен крвен притисок, ризик од појава на астма.
Недостигот на витамин Д
3 е најмногу изразен во зимскиот период од годината, бидејќи во овие месеци телото не произведува витамин Д поради тоа што сончевите зраци се многу ретки и не се доволни. Меѓутоа, и во останатите месеци луѓето не се доволно изложени на сонце поради тоа што се на работа, или, пак, поради штетното влијание на сончевите зраци. Најголем ризик од недостиг на витамин Д
3 имаат лица кои живеат во северните краишта, лица кои живеат во земји каде што има висока загаденост во воздухот и лица со потемен тен на кожата.
Недостигот на витамин Д
3 доведува до омекнување на коскеното ткиво, при што се јавува слабост во мускулите и намалена мускулна маса. Кај повозрасните лица недостигот на витамин Д доведува до појава на остепороза. Кај овие лица се јавува изнемоштеност, болки во коските и мускулите.
Неговата примена е особена важна за:
- Здрави коски – особено кај постари лица во превенција и третман на остеопороза;
- Го подобрува имунолошкиот систем, бидејќи го намалува ризикот од вирусни заболувања;
- Поздрава кожа;
- Здрави заби;
- Подобра концентрација и зголемена енергија.
Се препорачува кај:
- Недостиг на витамин Д;
- Лица со ризик од инфективни заболувања;
- Лица со остеопорза или остеопенија;
- Жени во менопауза;
- Лица со кардиоваскуларни заболувања и дијабетес;
- Лица со малигни заболувања.
Препорачаната дневна доза е 400 – 800 IU или 10 – 20 микрограми. Меѓутоа, доколку изложеноста на сонце е намалена или воопшто личноста не се изложува на сонце, тогаш препорачаната доза треба да е поголема – од 1000 до 4000 IU (25 – 100 микрограми).
За да може максимално да се искористи во организмот, најдобро е витаминот Д
3 да се зема со храна која е богата со масти (месо, јаткасти плодови и сл.).
Храна која е добро да се зема со витамин Д3:
- лосос
- жолчка од јајце
- туна
- печурки
- сардина
За жал, секојдневно не можеме да јадеме риба и единствен извор на витаминот Д
3 се
додатоците на исхрана.
За детално читање на овој текст, погледнете на 8 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈАНУАРИ 2021).