Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
|
Дали сите масти се исти?
Масното ткиво е специјализирано ткиво важно за хомеостазата (одржување на стабилни процеси во телото, постојана внатрешна рамнотежа) и се смета за полноправен орган чија главна функција е складирање енергија, регулација на температура, заштита на органите, учество во ендокриниот профил на телото, рамнотежа на хормоните, подобра репродукција, адекватно складирање на витамини, добра невролошка функција, здрав метаболизам, балансирано ниво на гликоза.
Количината и типот на масни клетки зависи од генетиката и од животниот стил.
Во телото постојат неколку типа на маснотии. Некои маснотии имаат негативен ефект на здравјето, други се корисни и неопходни. Потребно е да има здрава рамнотежа помеѓу овие масти. Во масното ткиво има многу бели крвни зрнца и многу истражувачи сметаат дека пореметувањата поврзани со тежината се автоимуни пореметувања.
Видови на маснотии во телото
Има три различни типа на масни клетки во телото во зависност од структурата – бели, кафеави и бежови. Масните клетки може да бидат складирани на три начини, како есенцијални, супкутани и висцерални масти. Масното ткиво главно го сочинуваат
адипоцити, клетки кои складираат вишок на енергија како капки триглицериди, заедно со разни други клетки и влакна. Секој вид на масти има различна улога. Функцијата на масното ткиво зависи од видот и локализацијата во телото.
Бели масти
И добри и лоши масти. Тоа се големи бели клетки депонирани под кожата и околу органите во стомакот, на рацете, бутовите и задникот. Адипоцитите на белата маст се полнат со триглицериди, слободни масни киселини, холестерол и едноставни глицериди кои даваат тркалезен облик и жолта боја на клетката. До 95 % од липидите во телото може да се сместат во масното ткиво, претежно во белата маст.
Белото масно ткиво функционира како
складиште и изолационен слој под кожата, но има и
ендокрина улога. Овие масни клетки се начин на кој телото складира енергија за подоцнежна употреба. Белите масти се најголем систем за складирање енергија во телото.
Белото масно ткиво има бројни функции во зависност од тоа каде се наоѓа во телото, поткожно или висцерално. Во зависност од тоа каде се наоѓа постојат разлики во типот на клетките, нивниот облик, дистрибуција и функција:
ангиогенеза (производство на нови крвни садови),
коагулација на крвта (згрутчување), р
епродукција, метаболизам на глукоза, метаболизам на масти, регулација на апетит, имунитет и
васкуларен тонус (колку крвниот сад може да се собере и прошири).
На различни локации се произведуваат различни хемикалии,
адипокини кои може да се провоспалителни или антивоспалителни. Кај дебелите личности односот е во нерамнотежа и се јавува
метаболистички синдром со висок крвен притисок, облик на јаболко, резистенција на инсулин, високо ниво на холестерол и/или триглицериди во крвта. Повеќе
лептин и
адипонектин (регулатор на глукозата и масните киселини) се произведуваат во поткожното ткиво, а повеќе супстанции важни за инфламаторниот одговор и згрутчувањето на крвта се произведуваат во висцералното ткиво.
Белото масно ткиво е
ендокринен орган кој лачи хормони, фактори на раст, ензими, влакна кои формираат протеински влакна и материи кои учествуваат во имунолошкиот одговор (цитокини). Игра голема улога во
функционирање на хормоните: естроген, лептин (кога е низок стимулира глад), инсулин, кортизол (стрес хормон), хормон на раст.
Поради производството на хормонот
адипонектин белите масти се есенцијални за управување со инсулинот и одржување постојана рамнотежа на глукозата во крвта. Како производител на
лептин помагаат во справување со гладта (на мозокот му кажува дека сме сити). Дебелите личности имаат намалена осетливост на лептин.
Вишокот масно ткиво на колковите, бутовите и стомакот е знак за вишок на бели масти. Облик на телото „јаболко“ има поголем процент на висцерални масти од тоа со облик на „круша“ и се смета за помалку здраво.
Иако некои бели масти се добри за здравјето, премногу бели масти се многу штетни. Премногу бели масти предизвикуваат
инсулинска резистенција и зголемен
ризик од пораст на тежина. Бидејќи клетките на белото масно ткиво имаат способност и простор да складираат липиди во облик на капки, ова може да води до создавање артериски плаки и воспаление на крвните садови.
Повисок процент на масти носи ризик од болести: тип 2 дијабетес, коронарна артериска болест, висок крвен притисок, мозочен удар, хормонска нерамнотежа, компликации во бременост, болест на бубрезите, болест на црн дроб, канцер.
За намалување на белите масти важни се
вежбите кои градат мускулно ткиво кое согорува повеќе калории од масното ткиво.
Локацијата на масното ткиво се менува со стареењето. Новороденчињата имаат многу малку бело масно ткиво, кај возрасните тоа е најзастапено.
Кафеави масти
Добри масти се. Порано се мислело дека само бебињата имаат кафеави масни клетки, но потоа се откриени мали количини на кафеави масти и кај возрасните, типично на врат и рамена. Овој тип на масно ткиво
согорува енергија (особено на поладно време) и примарно е
одговорен за одржување на телесната температура. Истражувањата се насочени да се најде начин
како да се стимулира активноста на кафеавата маст за да се помогне во превенција на дебелина.
Во минатото се мислело дека ова масно ткиво има улога само во генерирање на топлина, но сега се знае дека произведува и различни
адипокини. Најдено е дека ја подобрува толеранцијата на глукоза и осетливоста на инсулин и се испитува како
иден лек за дијабетес, метаболистики синдром и дебелина.
Кафеавото масно ткиво во поголеми количини се наоѓа кај новороденчињата кои имаат малку бело масно ткиво поради што се и повеќе изложени на хипотермија. Треперењето е телесен механизам за производство на топлина, а новороденчињата немаат треска. Дури на околу
шестмесечна возраст, кога нивното ниво на кафеави масти значајно се намалува, започнува рефлексот на треперење.
Производството на топлина го вклучува протеинот
терминоген. Кога ни студи, централниот нервен систем ослободува хормон кој им кажува на клетките да произведуваат топлина. За да реагираат клетките на тој хормон,
потребни се тироидните хормони и затоа на лицата со намалено производство на тироидни хормони често им е ладно.
Со возраста односот на бела и кафеава маст се менува. Кај возрасните, поголем дел од кафеавите масти се наоѓаат во стомакот, околу главните крвни садови, длабоко во вратот, помеѓу лопатките и долж грбот.
Бежови масти
Добри масти се, се наоѓаат прошарано во кафеавото масно ткиво, во големина на зрно грашок, под кожата, околу ʼрбетниот столб и вратните коски. Бежови масти се создаваат
кога телото е изложено на стрес, тогаш белите масти стануваат бежови. Дозволуваат
трансформација и согорување на лошите масти во топлинска енергија за одржување на температурата на телото.
Се смета дека одредени хормони и ензими кои се ослободуваат при стрес, студ или вежбање помогаат во претворање на белите масти во корисна топлинска енергија. Ова е ново интересно поле на истражување
за превенција на дебелина и максимизирање на нивото на здрави масти во телото. Бежовите масти стануваат цел за загуба на тежина. Вежбањето се смета за клучен стрес фактор за претворање на белите масти во бежови благодарејќи на продукцијата на хормонот
иризин. Се препорчува најмалку 75 мин. интензивно вежбање секоја недела за покачување на нивото на иризин.
Се смета дека бежовите масти се особено важни за лекување на метаболистичките пореметувања, затоа што голем број на фактори на раст, хормони и цитокини се произведуваат во бежовите масни клетки.
Есенцијални масти
Добри масти се. Не се гледаат, но се наоѓаат низ телото. Се наоѓаат во мозокот, коскената срцевина, нервите, мембраните кои ги заштитуваат органите и се есенцијални за живот и за здраво тело.
Играат главна улога во
регулација на телесната температура, апсорпција на витамини и продукција и складирање на хормони, вклучувајќи ги и хормоните кои контролираат плодност.
Есенцијалните масти се губат при екстремно и нездраво вежбање и слабеење.
Поткожно (супкутано) масно ткиво
Поткожните масти се и добри и лоши. Се наоѓаат веднаш под кожата, сочинуваат околу 90 % од целото масно ткиво. Тоа е комбинација на бели, кафеави и беж масни клетки. Тоа е масното ткиво кое може да се стисне на рацете, нозете, стомакот, задникот. Кај жените се акумулира на бутовите и дојките, кај мажите на стомакот.
Одговорни се за половиот хормон
естроген. Бидејќи естрогенот игра голема улога во женската плодност, жените имаат тенденција да имаат повеќе поткожно масно ткиво. Овој тип на масти дејствува и како перниче меѓу мускулите и кожата за заштита и удобност.
Одредена количина на поткожно масно ткиво е нормална и здрава, но повеќе води до хормонска нерамнотежа. Многу поткожно масно ткиво особено околу стомакот носи
ризик од здравствени компликации. Бидејќи телото го складира поткожното масно ткиво како форма на „итна помош“ во случај на глад или калориски недостиг, овој тип на масти е најтешко да се намали. Намалување на внес на калории, подобрување на исхраната со избегнување рафинирани шеќери и преработена храна, регуларно вежбање со тек на време го согорува вишокот поткожни масти.
Висцерално масно ткиво
Висцералните масти се лоши масти. Тоа е „масно ткиво во стомакот“, бела маст која е складирана во стомакот и околу главните органи, црн дроб, бубрези, панкреас, црева и срце. Со возраста се зголемува нивото на овие масти.
Тие акумулираат и секретираат супстанција клучна за
инсулинска резистенција. Високо ниво на висцерални масти зголемува ризик за дијабетес, срцева болест, мозочен удар, артериска болест,
некои канцери (колоректален и канцер на дојка), деменција, мозочен удар, Алцхајмерова болест.
За детално читање на овој текст, погледнете на 23-25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈАНУАРИ 2022).