Фармацевти
Контакт

<< Назад

Зошто е тешко да се намали и одржи изгубената телесна тежина?

август 3, 2022

Како управуваат хормоните со нашиот апетит и со навиките во исхраната
Во крвта постојат хемиски гласници кои ја помагаат контролата на нашиот апетит. Затоа треба да го разбереме начинот на којшто тие функционираат за да може да ја разјасниме улогата на биологијата во регулацијата на телесната тежина за откако ќе разбереме да ни биде појасно што треба да преземеме за да можеме успешно да се справиме со дебелината.

Па ние и не решаваме дали ќе бидеме гладни или сити по оброк, зар не? Едноставно имаме едно од овие две чувства во некој период од денот, и притоа реагираме.
Не можеме дури ни да сфатиме зошто повеќе сакаме чоколадо отколку зелено јаболко за ужинка, доцна навечер, кога наутро стануваме со цврста намера дека ќе истраеме во намерата да направиме здрав избор.

Па, ако нашите навики во исхраната и изборот на храна не се целосно под наша свесна контрола и ако понекогаш се во спротивност со нашите намери, кои други сили се во игра, како функционираат и зошто често изгледа дека ги „саботираат“ нашите планови?

Хемиските гласници прават да се чувствуваме гладни или сити
„Потребата да се пронајде гориво за создавање енергија е длабок поттик во биологијата на сите живи организми: на сите ни треба храна за да преживееме. Значи, не е изненадувачки фактот дека нашето тело има толку сложен систем за контрола на внесот на храна што го предводат хормони“, објаснува Џозеф Пројето, професор по медицина на Универзитетот во Мелбурн.

Се чини дека хормоните дејствуваат како хемиски гласници помеѓу телото и мозокот, и тие ги усогласуваат нашите навики за јадење и изборот на храна.

Хормоните циркулираат низ крвта и доаѓаат од ткивата во различни делови на телото кои се вклучени во внесот и складирањето на енергијата, вклучувајќи ги цревата (каде што доаѓа и се вари храната), масното ткиво (каде што енергијата се складира во облик на маст) и панкреасот (каде што се создаваат хормоните вклучени во складирањето на енергијата, а таков е инсулинот).

Некои хормони се одговорни за стимулација на гладот (нив ги нарекуваме „хормони на глад“), додека пак други се одговорни да се чувствуваме сити (нив ги нарекуваме „хормони на ситост“).
Кога е полн, желудникот ни ја намалува желбата за јадење така што ослободува помалку хормон на глад и му испраќа порака на мозокот да престанеме да јадеме. Истовремено, нивото на хормоните на ситост се зголемува и достигнува пик помеѓу 30 и 60 минути по оброкот.

Ова активно меѓудејство на пораките од хормоните за глад и за ситост помага мозокот да ги регулира нашите навики во исхраната. Друга група хормони може да влијае на нашиот избор на храна и да нè мотивира да јадеме дури и кога не чувствуваме глад.

Како влијае намалувањето на телесната тежина на нашите хормони
Се чини дека нивото на хормоните се менува и при намалувањето на телесната тежина. Неколку студии покажале дека намалувањето на телесната тежина предизвикано од диета тесно се поврзува со хормонски промени што водат кон враќање на телесната тежина.

По намалување на телесната тежина, нивото на хормоните на ситост се намалува, а нивото на хормоните на глад се зголемува. Овие промени водат кон постојано зголемување на гладот, намалено чувство на ситост и согорување на помалку калории. Овие промени може да траат до три години и веројатно се причината зошто 8 од 10 луѓе ја враќаат изгубената тежина на долг рок.

Овие откритија укажуваат на тоа дека потиснувањето на гладот по намалување на телесната тежина може да им помогне на луѓето да ја одржат саканата телесна тежина.

Работете со вашите хормони
Важно е да знаеме дека не можеме да ги контролираме нашите хормони. Кога чувствуваме глад, навистина е многу тешко да не јадеме, без разлика колку не сакаме.

Но знаењето како функционираат нашите хормони може да ни помогне да разбереме каков тип интервенции и стратегии може да ни требаат за успешно да се справиме со телесната тежина.

За детално читање на овој текст, погледнете на 16-17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Август 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>