Фармацевти
Контакт

<< Назад

Зошто жените се посреќни после естетски зафат?

декември 31, 2022



Која естетска интервенција е најчеста и најбарана? И која е разликата помеѓу филери и ботокс?
Естетската медицина денес е доста проширен поим и опфаќа цела палета третмани, од филери, ботокс, мезотерапија, прп-третмани (плазма збогатена со тромбоцити), па сѐ до разни видови ласерски процедури и со оглед на тоа, тешко би било да се издвојат и дефинираат најчестиот тип на пациенти и услугата што ја бараат.
Филерот, всушност, е хијалуронска киселина, која нашето тело и природно ја има и освен менувањето на формата и волуменот, хијалуронот придонесува за подобра хидратација, свежина и сјај на кожата и ткивото со самото тоа што привлекува вода. За разлика од нив, ботоксот е невротоксин, кој ја одзема функционалноста на мускулот, го спречува неготово движење и со самото тоа се спречува придвижувањето на кожата во тој дел и создавањето на брчките.

На која возраст се најчесто пациентите и дали, освен жените, се зголемува и бројот на мажи што бараат некакви естетски корекции?
Буквално сите возрасти на пациети се во оптег, од 18. па до 60. година. Долната граница на возраст во последниот период е доста спуштена, па дури имаме пациенти под 18. година, кои бараат естетски интервенции, но ние во „Промедика медикал центар“ се држиме до тоа дека пациентите што имаат помалку од 18 години мора да се во присуство на родител/старател. Во последно време како и во светот така и кај нас стигмата дека мажите не треба да користат естетски процедури се намалува и тие стануваат сѐ почести клиенти, но, дефинитивно, жените секако се почести пациенти.

Колку жените се среќни кога ќе направат промена на себе?
Желбата за каква било корекција или естетски третман најчесто потекнува од тоа дека пациентките или не си посветуваат доволно време на себе и не се грижат за својот изглед или од тоа дека кај нив постои некој дел од лицето или телото во кој тие гледаат некој проблем, односно не им се допаѓа како изгледа. Во вториот случај, кога ќе ја извршиме корекцијата на таа мана што ним не им се допаѓа или, пак, корекција со која добиваме позадоволителен изглед, големина или форма, расте чувството на самодоверба и се враќа довербата дека направиле нешто позитивно за својот изглед. Со самото тоа расте и нивото на сатисфакција и исполнетост. Овде не смее да се заборави фактот дека вкусот е субјективно доживување и во оваа работа во прашање се вкусови и личната перцепција на пацинетот. За мене, тоа што е можеби несоодветно е некој друг да го доживува како убаво и обратно. Ние сме тука да ги советуваме пациентите како ние мислиме дека би било најдобро, но на крајот многу е битно и пациентот да се сложи со тоа и нему да му се допаѓа крајната промена.

Колку трендот за естетска медицина е во подем во изминатите години и колку социјалните мрежи имаат влијание врз тоа?
Желбата и потребата за менување на изгледот на делови од лицето со цел поубав и поатрактивен изглед, всушност, датира од многу одамна, поточно уште од времето на античките цивилизации во Месопотамија и Египет, античката кинеска цивилизација итн. Од таму потекнуваат и првите докази за користење шминка во вид на разни природни бои за менување на формата и големината на устата, веѓите и формата на очите. Со менување на модата во текот на децениите се менувале и трендовите за помала или поголема уста, а денес, дефинитивно, сме во ерата на поголеми усни (ха, ха). Со напредокот на медицината добиваме продукти со кои се постигнуваат сите овие моменти на едно друго ниво и со поголема трајност и безбедност за пацинетите, како и уште поголем број процедури со кои се постигнуваат и други ефекти, освен менувањето на формата и волуменот, а со самото тоа и интересот, секако, драстично е поголем.
Што се однесува до влијанието на социјалните мрежи - тоа е огромно! Влијаат на младите генерации, поточно на оние ранливи категории млади, кои се во периодот од животот во кој уште немаат изградено доволно самодоверба за гордо да го носат она што им е природно дадено. Меѓутоа, го забораваат моментот дека повеќето фотографии на социјалните мрежи не се баш реални со оглед на сите фотошоп и апликации за разубавување, кои се достапни. Тука родителите треба да ја одиграат својата улога, да бидат поддршка, постојано да зборуваат со нив и на некој начин да бидат темел на нивната самодоверба за нивниот природен изглед.

Дали сметате дека е правилно тоа што младите девојки посегнуваат по естетски корекции?
Јас не можам и не треба да кажам дали е правилно или не, секој има свои ставови. Можам да кажам дека младоста како младост има своја посебна убавина и младите девојки и момчиња треба да знаат да уживаат и да си ја носат таа убавина, секако ако тоа не е од некакви здравствени причини... со текот на времето и со стареењето, ќе додје моментот за промени и корекции.

Која е вашата порака до жените, па и до мажите, како доктор што се занимава со естетска медицина?
Сакам да порачам дека естетската медицина е многу повеќе од апликација на филер во усните и ботокс, како што ја доживуваат многу луѓе, особено оние малку постарите генерации, а кои имаат негативен став кон сѐ ова. Постои цела палета третмани за грижа на квалитетот и за одржување здрава кожа не само на лицето туку и на целото тело и еден целокупно поубав и посвеж изглед и мислам дека сите би требало и може да практикуваат дел од нив барем повремено.

За детално читање на овој текст, погледнете на 06-07 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јануари 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>