Фармацевти
Контакт

<< Назад

ЗОШТО НИ СЕ СЛУЧИЈА СКОЛИОЗИ ОД ЕПИДЕМИОЛОШКИ РАЗМЕРИ И ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА КАЈ ИСТИТЕ

октомври 1, 2023



Пишува: Дијана Мариновска - Магистер физиотерапевт во педијатрија - Сопственик и менаџер на Детска Рехабилитација ПЕТКА

Што е сколиоза?
Сколиоза е искривување на рбетот во три димензии или ако е општо познато дека сколиозата е искривување на рбетот на страна ќе дополниме дека кај секоја сколиоза се забележува и искривување како кифоза и лордоза или исправување на тие физиолошки кривини и ротација на прешлеите. Така сколиозата станува доста специфична за третирање.

Има повеќе видови сколиоза па така може да биде вродена (низ праксата недоофрмен прешлен или хемивертебра), идиопатска или од непознати причини (подкласифицирана како детска, адолесцентна или возрасна која опфаќа 80-90% од сите сколиози) и невромускуларна (ја среќа- ваме кај церебрална парализа,спина бифида).

Идиопатска сколиоза или најчестата сколиоза се појавува обично околу 9 тата година па до 17 тата кога децата почнуваат поинтезивно да растат веке најчесто се појавуваат првите знаци на искривувања кои не се дијагностицирани како искривување со промени на рбетот туку само како дисбаланс на мукулите .Причините се непознати но се поврзуваат со погрешна позиција на стоење, седење, неактивност, недоволно излозеност на сонце, наследно. Најголем број од искривувањата се лоша позиција на стоење или дисбаланс на мускулите кој ако не се решава напредуваат во идиопатски сколиози.

Кај децата во развој тоа значи дека тоа искривување ќе прогресира и ќе влијае на оформувањето на прешлените, на ребрата , целата позиција на стоење и седење.

Зошто се соочуваме со епидемија од сколиози кај децата?
После двете години со корона во светски рамки е забележано драстично зголемен број од искривувања во грбот што уште повеќе ни покажува колку треба дабидеме физички активни. Генерално начинот на живот ни е сменет па на децата им фали време поминато надвор на сонце , во природа каде ќе можат да бидат физички активни низ игра како би се развивале правилно. Препораките за престој надвор низ физичка активност се минимум 60 минути дневно но истражувањата покажуваат дека децата реално се надвор по само 7-10 минути.

Тоа ни покажува дека паметните телефони ја заменија играта и развојот на детето како физички така и ментално. Движење и игра е заменет со недвижење и позиции кои ни носат нови состојби.

Препораките се подолго време поминато на сонце заради витаминот д, повеке физичка активност ,само свесност за позицијата на нашето тело (да го нема тоа фраерско стоење на една нога каде цело тело ни е искривено или долго седење со телефонот во рака каде во позиција на кифла децата седат со часови, позицијата на седење во училишните клупи каде практично децата лежат на масите, скрстени нозе, да се намали тежината на училишнте ранци , да се носат на двете рамена еднакво, да се внимава на висината на столот и масата на училиште да е соодветна на висината на децата... Да ги вратиме во мода качувањето на дрво, рипкањето во вирчиња ,истегнување на железото за тресење теписи, возење точак... тоа ни фали сега наместо затворени дома и во едукативни центри кога на децата најпотребно за развојот и физички и ментално им е потребна физичката игра.Овие препораки треба повеќе да ги пазат оние кои веќе во семејството имале некаков вид на искривување на рбетниот столб па наследниот фактор би играл голема улога да се појават искривувања и кај децата.

Кога физикална терапија кај децата со сколиози?
За дијагностицирање и при најмал сомнеж дека нешто е соминтелно со грбчето на детето мора најбрзо да се отиде на ортопед и тој ќе си процени што треба понатаму да се прави со детенцето дали ќе има потреба од ренгенско снимање или доволно е на прегледот да се утврди дали треба понатаму само одредена физичка активност или и физикална терапија со специјалната метода за корегирање. Превентивните прегледи се многу важни за да не дојдеме во ситуација кога детето не е доволно физички активно па веќе и се забележува едно повисоко и едно пониско рамо, испакнати плешки, грпка на едната страна извртување на карлицата дури некогаш може да личи како едната нога да му е пократка.

Ова се знаци кои треба да го вклучат алармот за преглед и физикална терапија за да не прогресира состојбата па да се дојде до поголеми искривувања кога ќе мора да се носат корсети или да се прави операција. Кај помалите искривувања може и нема да има болки но како напредува деформацијата така веќе децата почнуваат да се жалат при подолго стоење.

Како прогресира состојбата така болките ќе стануваат се почести и поголеми, деформитетот ќе врши притисок на некои нерви,рбетниот мозок потоа може да се појави вкочанетост и болка и во нозете. Веќе докажана и најпрактикувана метода за идиопатска сколиоза низ целиот свет е Шрот методата која се користи исклучиво за идиопатска сколиоза. Развиена е во Германија и нашата земја ја ставивме на светската листа каде ќе може да се добие ваков тип на третман. Она што е различно кај оваа метода е што сколиозата се третира тридимензионално наместо како досега практикуваните вежби кои сколиозата ја третираа како искривување на страна.

Затоа третманот е прилагоден за секое дете индивидуално а ефектите од неа се појавуваат и по првиот месец нормално дека тоа се минимални ефекти и дека треба повеќе време за да се решаваат тие состојби.Многу голем ефект кај поголемите искривувања е и да се стопира состојбата да не прогресира, да не мора да се носи корсет или да не одиме кон состојба која би требало да се оперира . Шрот методата може да се изведува дури и додека се носи корсет. Вежбите можат и дома да се изведуваат но децата треба прво да научат да ги изведуваат правилно.

За детално читање на овој текст, погледнете на 22-23 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Октомври 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>