Д-р Ана Мадиќ
Доктор по медицина
ПЗУ Поликлиника Др. Ѓоше
|
Селенот е витален минерал во траги кој има антиоксидантни својства. Тој е од клучна важност за создавање на бели крвни клетки, со што значително се зајакнува функцијата на имунолошкиот систем и притоа му овозможува на овој минерал ефикасно да се бори против болестите и инфекциите. Селенот, исто така, го детоксицира телото од хронично изложување на радијација, хемотерапија и токсични материи. Селенот, исто така, е од витална важност за регулирањето на фукцијата на тироидната жлезда. Највисока концентрација на селен во човечкото тело е присутна во црниот дроб, бубрезите, панкреасот и тестисите кај мажите.
Со добра и урамнотежена исхрана внесуваме 70 – 100 µg селен. Апсорпцијата главно се одвива во дуоденумот (50 – 80 %) и се менува во зависност од формата. Најдобра апсорпција е во форма на селенометионин од храна од животинско потекло. Препорачани дневни дози на селен за здраво возрасно лице се 55 µg на ден. Селенот се излачува преку урината (60 %) и фецесот (35 %), а во случај на зголемен внес се издишува во гасовита форма. Резервите се во форма на селенопротеини, со најголема акумулација во еритроцитите, слезината, црниот дроб и забите. Храна која содржи селен: туна, бразилски ореви, школки, јајца, семки од сончоглед, пилешки гради, урда, кафеав ориз, спанаќ, леќа, банани, индиски ореви итн.
КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД СЕЛЕНОТ?
- Дејствува како моќен антиоксидант Антиоксидантите се соединенија кои се наоѓаат во храната и спречуваат оштетување на клетките предизвикано од слободни радикали. Слободните радикали се нормални нуспроизводи на процесите што се случуваат во нашето тело на дневна основа. Тие се сметаат за лоши, но слободните радикали се, всушност, неопходни за здравјето. Тие извршуваат важни задачи, вклучително и заштита на телото од болести. Сепак, ситуации како пушење, употреба на алкохол и стрес може да генерираат прекумерни количини на слободни радикали – ова доведува до оксидативен стрес, кој ги оштетува здравите клетки. Оксидативниот стрес е поврзан со зголемен ризик од предвремено стареење и мозочен удар, како и хронични заболувања. Селенот работи со неутрализирање на вишокот слободни радикали и заштита на клетките од оштетување предизвикано од оксидативен стрес.
- Го намалува ризикот од некои видови на рак Селенот има способност да го намали оштетувањето на ДНК и оксидативниот стрес, да го зајакне имунитетот и да ги уништи клетките на ракот. Овој ефект е поврзан само со селен земен преку храна, не е ист кога се зема како додатоци.
- Заштитува од срцеви заболувања Ниски нивоа на селен во телото се поврзани со зголемен ризик од коронарна артериска болест, диета богата со селен помага во одржување на здравјето на срцето. Селенот, исто така, ги намалува маркерите на воспаление во телото, што е еден од главни фактори на ризик за срцеви заболувања. Оксидативен стрес и воспалението се должат на атеросклероза или таложење плаки во артериите. Може да доведе до опасни здравствени проблеми како што се: атеросклероза, мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест.
- Помага во спречување на ментално опаѓање Се смета дека оксидативен стрес придонесува и за појава и прогресија на невролошки заболувања како што се: Паркинсонова болест, мултиплекс склероза и Алцхајмерова болест. Ризик од развој на Алцхајмерова болест е помал во медитеранска исхрана, каде што храната содржи големи количества на селен, како што се морската храна и ореви кои таму се консумираат во изобилство.
- Се грижи за здравјето на тироидната жлезда Селенот како потентен минерал помага да се заштити тироидната жлезда од оксидативно оштетување и, исто така, игра важна улога во производство на тироидни хормони. Здрава тироидна жлезда е важна бидејќи го регулира метаболизмот и го контролира растот и развојот на телото. Недостиг на селен активира состојби на тироидна жлезда како што се: тироидитис на Хашимото и хипотиреоидизам.
ПРЕКУМЕРНО ЗЕМАЊЕ СЕЛЕН
Прекумерно земање селен може да биде токсично за организмот, препорачаната доза за дневен внес на селен не треба да ја надмине максималната толерантна горна граница од 400 mcg на ден. Симптоми и знаци на вишок и токсичност на селен се: губење на косата, гадење, повраќање, вртоглавица, мускулна болка, депресивно расположение, агресивно однесување.
Селенот е моќен минерал кој е неопходен за правилно функционирање на организмот. Игра критична улога во метаболизмот и функцијата на тироидната жлезда. Овој минерал не само што е од суштинско значење за здравјето, туку помага и во зајакнување на имунолошкиот систем, бавно ментално опаѓање, па дури и го намалува ризикот од срцеви заболувања.
За детално читање на овој текст, погледнете на 30 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУЛИ 2021).