Имате време!
Нема лошо време за добра книга
|
Истражувањата покажуваат дека повеќе од 30 проценти од луѓето кои редовно читаат книги, во овој период од годината минуваат многу повеќе време читајќи, за разлика од другите годишни времиња. Студеното време и долгите ноќи ја прават зимата идеална сезона за сонување во нови приказни и светови. Неколку страници букви можат да направат да го засакате животот уште повеќе, да откриете дел од себе за којшто не сте ни биле свесни или пак да избегате од стресното секојдневие.
Но како тоа влијае на нашето здравје?
Ги негува мозочните функции
Со самото тоа што додека читате оформувате слика во својата глава, книгата го одржува мозокот во живот, односно не дозволува да биде пасивен и мрзелив.
Со самото тоа што се задлабочувате во она што го читате, се исклучувате од опкружувањето и книгата ја има моќта со која ќе ве натера да заборавите на самите себеси. Зборовите ги отвораат вратите на еден друг универзум, каде можете да бидете кој сакате, да патувате каде сакате и да правите што сакате. Миговите поминати во читање ве одалечуваат од опкружувањето и со тоа ви помагаат да заборавите на лошите мигови, секојдневниот притисок и стресот кој сè помалку можеме да го избегнеме.
Покрај тоа што има директно влијание врз менталното здравје, книгата ја подобрува и способноста за аналитичко размислување, ја развива меморијата и ја подобрува концентрацијата.
Неверојатно е колку може да го смени вашиот говор!
Можеби нема тоа да го забележите веднаш, но читањето книга ќе го зголеми вашиот фонд на зборови со што ќе се чувствувате посигурно во она кое го кажувате и ќе имате можност да се изразувате на различни начини. Не дозволувајте вашиот речник да остане ист со години. Светот се врти и се развива, а вие?
Откривање нови светови
Има ли поефтин начин да го прошетате светот? Постои ли полесен начин да запознаете неколку ликови одеднаш и длабоко да навлезете во нивните животи, тајната приватност и да ги откриете нивните фантазии?
Оние кои книгата ја сметаат за верен пријател, имаат можност да ги прошират своите колекции со дополнителни наслови кои домашните издавачки куќи ги подготвија токму за оваа зима. Промоции на нови наслови и намалени цени - уште еден начин како да ги затоплите овие ладни денови!
За детално читање на овој текст, погледнете на 21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2019).