Фармацевти
Контакт

<< Назад

Имунитет и негово зајакнување со витамин Ц и биофлавоноиди

мај 9, 2023



Пишува: Горан Ристовски – аптека Макмедика Скопје

Според нашите сознанија денес, имунитетот се создава и почнува да се гради во текот на бременоста со пренос од мајката на детето во матката преку плацентата, а потоа и преку доењето (пренос преку мајчиното млеко кое е важно за стекнување на имунитет и заштита на детето уште во најрана возраст).

Понатаму, преку вакцинацијата која е воведена за активно стекнување на имунитет спрема одредени чести и тешки заболувања, како и со изложеност на нашиот организам на штетни агенси при што се создава таканаречен активен имунитет каде имуниот систем е спремен за наредни напади. Затоа се препорачува исхрана на новороденчето и доенчето со мајчино млеко, вакцинација и контакт со природата и околината уште од најмала возраст за да полека се изгради нашиот имунитет.

Понатаму во текот на животот важен е правилниот став кон себе и своето здравје, добра хигиена, и чувањето на интегритетот на најголемиот имунолошки орган во телото – нашиот дигестивен систем.

Битна е исхраната богата со витамини, пред се од групата А, Б, Ц, Д, внесување на олигоелементи се од непроценливо значење во превенцијата на инфекциите, односно се фактори кои го подобруваат нашиот имунитет. Општо е познато дека некои витамини и минерали имаат директна улога во поттикнувањето и одржувањето на одбранбените процеси во организмот. Toa пред се се однесува на витаминот Ц кој организмот не го создава и мора да се внесува преку исхраната во доволни количини. Во поново време се повеќе се користат и цитрусните биофлавоноиди кои се природни супстанции и се застапени најмногу во цитрусните плодови: лимон, портокал, мандарина, грејпфрут.

Најчесто се застапени во форма на диосмин, кверцетин, рутин и хисперидин. И тие не можат да бидат произведени од организмот и мора да се земаат преку храна или додатоци. Пред се, се смета дека биофлавоноидите се неопходни за правилно искористување на витамин Ц и синергистично го зголемуваат неговото дејство. За да го сфатиме нивното значење,накратко би се потсетиле на нивната улога и функциите кои ги имаат во нашиот организам.

Витамин Ц
• Силен антиоксиданс
• Придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста и нормална функција на имунолошкиот систем.
• Придонесува за одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем за време и после интензивна физичка активност.
• Корисниот ефект се постигнува со дополнителен внес на најмалку 200 mg витамин С дневно, покрај препорачаниот внес на витамин С.

Цитрусни биофлавоноиди:
• моќни антиоксидантистимулираат апсорпција и употреба на витамин Ц.
• го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања
• го намалуваат ризикот од дијабетес
• супортивна терапија кај алергиски заболувања

КОГА ПРЕПОРАЧУВАМЕ СУПЛЕМЕНТАЦИЈА СО ВИТАМИН Ц:
• При ослабен имунитет
• При замор и исцрпеност
• При грип и настинка
• При вирусни заболувања
• Кај спортисти и рекреативци
• Кај активни и пасивни пушачи
За крај, особено во овој период на сезонски настинки и грип препорачуваме здрава исхрана, избегнување на стресни ситуации и редовен сон во синергија со суплементи кои на споменатиот начин би ни помогнале за оддржување на имунитетот на едно повисоко ниво.

За детално читање на овој текст, погледнете на 06-07 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Март 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>