Фармацевти
Контакт

<< Назад

Интервју со Дардан Дехари – Единствениот Македонец кој ја претстави државата во дисциплината на алпско скијање

мај 6, 2022



Дардан Дехари доследно ја претстави Македонија на Олимписките игри. Единствениот Македонец кој ја претстави државата во дисциплината алпско скијање


Кога првпат застанавте на скии?

Со скијање почнав уште од многу мал, поточно на 3-годишна возраст се качив на скиите и од тогаш, па сѐ до ден-денес скијањето е мој начин на живеење. Почетоците ми беа во скијачкиот клуб „Тетово“, многу често одев на купови и на неколку натпревари на државно ниво, а денес сум член на скијачкиот клуб „Шкендија“ како најдобар во Тетово. Поради добрите спортски резултати како дете во 2003 година, тогашниот селектор на Скијачката федерација на Македонија, Иван Лешевски, ме избра како еден од неколкуте млади скијачи за нови искуства и припреми на глечери во Австрија. Така почна мојата скијачка кариера како професионалец, па од тогаш сѐ до ден-денес Австрија ми е втор дом.

Покрај напорните припреми и спортски активности, имавте ли тешкотии во образованието?

Роден сум 1990 година во Тетово и целиот школски циклус, од основно и средно образование, како и студиите, го завршив во Тетово, но и мојот докторат, кој е во завршна фаза на Универзитетот во Тетово. Денот има 24 часа, доколку добро се распределат и добро се организирате, има време за сѐ!

Како се стига до учество на Олимписки игри?

По рангирањето во ФИС-категоријата, следуваа повеќе од 350 натпревари, од кои 8 светски првенства, светски универзијади, неколку европски и настапи на светски купови. Олимписките игри беа она што ми недостига во мојата кариера откако ги поминав сите можни натпревари со успеси и помалку успеси во скијањето. И затоа во последните 4 години од мојата поставена цел беше и настапот на Олимписките игри во Пекинг 2022 и, нормално, со голема посветеност кон скијањето и со многу труд, многу тренинзи, успеав да се пласирам како најдобар македонски скијач и да ја претставам Македонија на Олимписките игри што се одржаа во Пекинг оваа година.

Раскажете ни накусо за Вашето доживување на Олимписките игри?

Бидејќи имам 31 година, веќе се движам кој крајот на мојата кариера и Олимпијадата беше место каде што уживав во секој момент и во секое случување во врска со Олимписките игри. Голем предизвик за секој спортист е да учествува на Олимписки игри, така што за разлика од другите искуства што ги имам, ова беше нешто што ќе го паметам целиот мој живот. Иако пред настапот се повредив на тренинг, поточно си ги скинав лигаментите на коленото и поради тоа немав можност да го покажам најдоброто што го знам на скиите, сепак се гордеам што целиот труд што сум го вложил во скијањето, како и животниот сон за учество на Олимпијада, ми се оствари. Сето тоа психолошки ми помогна повредата полесно да ја поминам и да им се вратам повторно на скиите.

Што по Олимписките игри, што е следно?

Амбицијата не застанува тука, повредата полека се средува, штом закрепнам во целост, почнувам повторно со тренинзи, но сѐ уште не знам дали ќе продолжам со натпреварите или ќе се посветам како професионален тренер да им го пренесам целото мое искуство на младите генерации, со што повторно ќе се појавам на Олимписките игри, но сега како тренер.

Дали имате посебен начин на исхрана и како ја одржувате формата?

Кога помислуваме на здрава храна, првин што ни доаѓа на ум се овошје, жито, зеленчук и разни семиња, но во реалноста здравата исхрана претставува животен стил исткаен од секојдневните навики да се јаде храна што ќе ви овозможи енергија, без дополнително оптоварување на организмот. Енергијата е клучна за секојдневите исцрпувачки тренинзи. Да не заборавиме дека здравјето влегува преку устата, а правилно избраната храна може да биде лек. Покрај здравата храна, доплнително секојдневно користам витамини и суплементи. Магнезиумот е првиот на листата што морам да го земам секој ден, исто така пробиотици, како и други суплементи, кои се непоходни за еден спортист.

За детално читање на овој текст, погледнете на 10-12 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Мај 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>