Фармацевти
Контакт

<< Назад

Интересни информации за Кинеска Нова година

февруари 1, 2021



Интересни информации за кинеската Нова година

Кинеската Нова година е прослава наречена Празник на пролетта или, пак, Пролетен фестивал. Датумот на оваа прослава се менува секоја година и секогаш е помеѓу 21 јануари и 21 февруари според Грегоријанскиот календар. Секоја година се одбележува со едно од дванаесетте животни кои го сочинуваат  кинескиот хороскоп. Секое семејство почитувајќи ја традицијата го чисти својот дом пред пречекот на Новата година, бидејќи се верува дека на тој начин се исфрла лошото и се пречекува доброто.

Оваа година кинеската Нова година паѓа во петок, на 12 февруари 2021 година, со почеток на годината на волот.  Државниот празник на Кина ќе биде од 11 до 17 февруари 2021 година.

Овој фестивал го слави 1/4 од светската популација

За време на  Пролетниот фестивал 2021 година светската популација ќе изнесува 7,7 милијарди луѓе, а над 2 милијарди луѓе ја слават кинеската Нова година.

Кинеската Нова година е државен празник во следните држави: Кина (1,41 милијарди), Хонг Конг (7 милиони) и Макао (0,6 милиони) и уште девет азиски земји: Индонезија (264 милиони), Филипини (105 милиони), Виетнам (95 милиони), Јужна Кореја (51 милион), Малезија (31 милиони), Северна Кореја (25 милиони), Тајван (23 милиони), Сингапур (5 милиони) и Брунеј (0,4 милиони). Тоа се речиси 2 милијарди и  17 милиони луѓе – бројка на која  ќе се додаде и населението  што се приклучува на оваа прослава во други држави, па вкупната бројка достигнува до 2 милијарди и  20 милиони луѓе.

Празникот се нарекува и „Пролетен фестивал“

Иако во зима Кинезите своите новогодишни празници ги нарекуваат „Пролетен фестивал“, бидејќи во нивниот традиционален соларен календар почетокот на пролетта доаѓа токму во месец февруари. Доаѓањето на пролетта се прославува бидејќи претставува крај на најстудениот период од годината.

Датумот на кинеската Нова година се менува секоја година

Датумот на кинеска Нова година се менува секоја година. Секогаш паѓа помеѓу 21 јануари и 20 февруари и е одреден со кинескиот лунарен календар. Во 2021 година кинеската Нова година паѓа во петок, на 12 февруари.

Со секоја нова кинеска година започнува хороскопска година на ново животно

Постојат 12 кинески хороскопски животни: стаорец, вол, тигар, зајак, змеј, змија, коњ, коза, мајмун, петел, куче и свиња. 2021 година е година на волот. За да го дознаете вашиот знак/животно, клучна е вашата година на раѓање.

На кинеската новогодишна ноќ луѓето јадат „среќна“ храна

За време на кинескиот новогодишен период се јаде одредена храна само поради симболичното значење што ја има. На пример, луѓето јадат кнедли, бидејќи се верува дека кнедлите претставуваат богатство. Велат; колку повеќе кнедли можете да изедете, толку повеќе пари ќе заработите во новата година.

Фестивалот трае 16 дена

Вечерта на 15 ден од првиот лунарен месец (26 февруари 2021 година), ноќта на полна месечина, семејствата се собираат на вечера и излегуваат и го гледаат огномети. Се поставуваат летечки светилки кои се пуштаат да лебдат во ноќта.

Луѓето во овој период се молат на боговите

Бидејќи Кина е составена од делумно аграрно општество, кинеската Нова година традиционално претставува време кога луѓето се молеле на боговите на жетвата и да се осигурат дека нивната жетва следната година ќе биде плодна. Денес, иако времињата се различни,  молитвата сè уште игра улога. Таа ги потсетува луѓето на нивните предци и нивните најважните активности за време на кинеската Нова година.

Луѓето разменуваат црвени пликови

Кинезите ја сакат црвената боја и подарувањето црвен плик е начин да се испратат убави желби за новата година. Новогодишните црвени пликови се нарекуваат „хонг бао“ и се праќаат секому. Денес овие пликови се праќаат и по електронски пат или, пак, по популарните апликации за комуникација. Овие пликови немаат голема вредност, но важат за значаен знак за благодарност.

Насекаде има украси во црвена боја

Можеби знаете дека црвената боја е среќна боја во Кина и претставува многу позитивни работи како што се среќа, убавина, виталност, среќа, успех и среќа, но дали знаевте дека речиси сè е црвено за време на кинеската Нова година?

Фестивалот предизвикува најголема миграција во Кина

За Кинезите најважниот дел од кинескиот Пролетен фестивал е да уживаат во вечера на средба со нивните семејства за новогодишната ноќ, дури и ако треба да патуваат  долги растојанија. 200 милиони кинески државјани патуваат  долго за овие празници.

Новогодишната гала е најгледаното ТВ-шоу во светот

На новогодишната ноќ на Кина голем дел од луѓето ја гледаат новогодишната гала на националната телевизија. Ова ТВ-шоу вклучува многу кинески познати личности кои изведуваат песни и танци.

Не се чисти за време на Фестивалот

За време на прославувањето на Новата година, перењето, метењето или вадењето ѓубре не е дозволено. Суеверието не дозволува бањање или, пак, перење на алиштата во првиот ден од лунарната година, бидејќи се верува дека на тој начин ќе се исчисти сето богатство. Метење и вадење на ѓубрето симболизира отстранување на среќата од куќата, така што луѓето не го прават тоа.

 За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>