Фармацевти
Контакт

<< Назад

Интересни факти за виното

февруари 1, 2021



ОДЛИЧЕН ЗА ВАШАТА ЛИНИЈА

Виното не содржи маснотии и има нула холестерол. Сувите вина имаат многу помалку јаглени хидрати и калории отколку слатките вина, па затоа, ако се грижите за својот изглед  изберете суво црвено или бело вино.

ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ ЛЕКОВИ

Кога Хипократ напишал кои се најзначајните рецепти (оние што се пронајдени како запишани), скоро сите негови „рецепти“ вклучувале вино како лек за неговите болни пациенти. Дури и денес, истражувањата покажуваат дека виното има голем број здравствени придобивки, особено црвеното вино, кое содржи повисоки нивоа на полифеноли и ресвератрол отколку белите вина.

КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ЌЕ ВЛИЈААТ НА ВИНСКАТА ИНДУСТРИЈА

Експертите веруваат дека климатските промени ќе имаат огромно негативно влијание врз производството на вино бидејќи драматичното затоплување на земјата влијае на тоа како и каде се одгледува грозјето и на успешноста на истото. Високата температура, сушата и топлината може да направат голем дел од регионите кои што произведуваат вино, да станат непродуктивни.

ВИНОТО СОДРЖИ АНТИОКСИДАНСИ

Потребно е да се напиете 20 чаши сок од јаболко за да ги добиете истите антиоксидантни придобивки од една чаша црвено вино. Ако претпочитате сок од портокал, ќе треба да испиете седум чаши. Примарен антиоксиданс на виното е ресвератрол, кој е во поголема концентрација кај црвените вина отколку во белите вина.

ИМА ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Виното има толку многу органски соединенија што структурата на истите се смета за посложена од онаа на крвниот серум. Крвниот серум е течност што останува кога ќе се отстранат фибриногенот и црвените и белите крвни садови.

 За детално читање на овој текст, погледнете на 17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>