Фармацевти
Контакт

<< Назад

Исхрана кај пациенти со канцер

јули 1, 2021

Д-р Елена Карабелески
Продукт специјалист
Европа Лек Фарма

|

јули2021

Употреба на орално нутритивни суплементи (течна храна)

Канцер претставува комплексна болест која предизвикува неконтролиран раст на клетките и може да се појави во  кој било дел/орган од телото. Таа е резултат на мултипла интеракција помеѓу факторите на околината и генетската предиспозиција за развој на болеста и претставува една од најчестите причини за смртност во светски рамки.  Недоволната исхрана е најчесто предизвикана од неможноста за јадење, несоодветниот внес на хранливи состојки, како и проблеми кои настануваат со дигестијата (варењето) или апсорпцијата. Состојба на малнутриција (потхранетост) e пропратена со загуба на телесна тежина. Кај 15-40 % од пациентите со канцер се забележува загуба на телесна тежина, а се проценува дека 40-80 % од пациентите со канцер ќе бидат потхранети во еден период од болеста. Малнутрицијата има влијание врз исходот на лекувањето, зараснувањето на раните, може да ја намали мускулната функција и да го зголеми ризикот од појава на постхируршки компликации. Третманите за канцер дејствуваат  преку уништување на канцер клетките, но може да го зафатат и здравото ткиво. Состојбата на малнутриција и загубата на мускулна маса како несакани ефекти може да го отежнат спроведувањето на третманот.

Промените во нутритивните потреби кај пациентите со канцер може да се последица на реакцијата на организмот поради болеста, несаканите ефекти од терапијата и лековите. Секој пациент различно го поднесува третманот, но кај сите треба да се обрне внимание на исхраната. Треба да се внесува нутритивно богата храна која може да му помогне на пациентот да се чувствува подобро и посилно за време и по третманот на канцер. Правилната исхрана вклучува внес на балансирани оброци (кои содржат нутритивно богата храна со протеини, јаглехидрати, масти, витамини, минерали) потребни на телото за нормално функционирање. Добрата исхрана може да придонесе за одржување на имунолошкиот систем преку намалување на ризикот за појава на инфекции, спроведување на третманот со намалување на несаканите ефекти, да го намали болничкиот престој и да помогне во процесот на заздравување.

Најчестите несакани ефекти на третманот за канцер се: гадење, мачнина, слаб апетит, констипација (затвор), дијареја, афти, жиговина. Симптомите на мачнина и гадење ги афектираат 2 од 3 пациенти со канцер. Најчесто се предизвикани од третманот на канцер, одреден тип на канцер и понекогаш како пропратен симптом на состојба на анксиозност и депресија кај пациентите.

Неколку совети за полесно справување со несаканите ефекти од третманот:

Употребата на оралните нутритивни суплементи (течна храна, ентерална храна) е добар начин за зголемување на нутритивниот внес и обезбедување на потребните калории. Препораката за употреба на овој вид на течна храна како дополнителен тип на исхрана може да биде пред третманот на канцер, за време на третманот или по третманот, зависно од состојбата на пациентот во согласност со лекарот кој го води третманот.

Со употреба на течната храна (ентерална храна) може:

Нутритивната терапија спречува загуба на телесна тежина со обезбедување на соодветните калориски и нутритивни потреби и може да се вметне во секојдневниот живот во навиките на исхрана на пациентите и да се комбинира со вообичаената храна.

Течната храна може да се пие во замена за оброк (едно шише 300 kcal/200 ml), да се пие како додаток на оброк или ужинка. За подобар вкус најдобро е да се консумира изладена во фрижидер или да се послужи со мраз. Доколку треба да се затопли се користи кадичка со топла вода. Може да се меша со друг тип на храна како сладолед и замрзнат јогурт или да се консумира како смути.

Диетотерапијата се користи за да им помогне на пациентите со канцер да одржат здрава телесна тежина, да ја одржуваат силата, да го одржуваат ткивото здраво и да ги намалат несаканите ефекти за време и по третманот.

Рецепт со Nutridrink

200 ml Nutridrink од ванила

1 банана исечкана на парчиња

една шака замрзнато шумско овошје (јагоди, малини, боровинки, аронија)

2 лажици  житни растенија

Житните растенија и бананата се покиснуваат со Nutridrink vanilla (претходно изладен во фрижидер) и се оставаат да отстојат 5 мин. Се додава една шака замрзнато шумско овошје.

На здравје!

За детално читање на овој текст, погледнете на 29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУЛИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>