Фармацевти
Контакт

<< Назад

Каков родител сте?

септември 2, 2020

|

 

  1. Како постапувате кога сакате вашето дете само да направи нешто ново?


А) Детално му објаснувам што и зошто треба да направи

Б) Му ги овозможувам сите услови за да може да успее

В) Ќе го направам јас тоа и ќе му дозволам да научи гледајќи ме мене

  1. Колку често му кажувате на вашето дете дека го сакате?


А) Секој пат кога ќе успее во нешто или кога е мирно

Б) Постојано, без некаква причина

В) Најчесто пред спиење

  1. Вашето дете не сака да ја доврши својата домашна задача...


А) Нема да попуштите сè додека не ја заврши и не ја проверите

Б) Можеби е уморно  и ќе му дозволите да не ја доврши

В) Ќе му објасните зошто е важно да води грижа за своите одговорности

  1. Кој е вашиот метод за да го научите вашето дете дека некои работи мора да ги прави само?


А) Му зборувате за важноста да се биде самостоен

Б) Го охрабрувате дека доколку не може да направи нешто само, секогаш може да смета на вашата помош

В) Го учите по вашите примери и работите што вие ги правите сами

  1. Време е за спиење, но вашето дете не сака да спие во својот кревет


А) Ќе го присилите да спие во својот кревет. Мора да се научи на ред

Б) Ќе направите исклучок и нема да го убедувате

В) Ќе му објасните дека доколку спие во својот кревет ќе спие најубаво и најкомотно

  1. Кога готвите...


А) Приготвувате јадење кое е практично и брзо

Б) Готвите јадења кои  ги сакаат вашите деца

В) Некогаш по ваш, некогаш по нивен избор

  1. Доколку забележите дека вашето дете глуми дека е болно за да не оди на училиште, што ќе му кажете?


А) Сакаш да зборуваме за работите што те вознемируваат на училиште?

Б) Како можам да ти помогнам за да се чувствуваш подобро?

В) Не смееш да ме лажеш, право на училиште!

  1. Ова се зборовите што ја опишуваат вашата дисциплина:


А) Секое дете мора да ги познава своите граници

Б) Моето ангелче не заслужува строгост

В) Погрешните постапки мора да се поправат. Некогаш дури и со казни

  1. Кога ќе порасне вашето дете, тоа треба да биде...


А) Одговорна личност

Б) Сакам да е среќен човек

В) Доволно е секогаш да комуницира со мене, без разлика на годините...

  1. Кога ќе дојде време за избор на факултет...


А) Не би сакал/а да студира далеку од домот

Б) И да е далеку, доволно е да доаѓа често на посета

В) Ќе прифатам сè што ќе биде за доброто на неговото образование

  1. Кога ќе му се скрши омилената играчка, како реагирате?


А) Ќе му објаснам дека следен пат треба да биде повнимателно

Б) Веднаш ќе купам нова

В) Ќе му речам: Знам дека си тажен, и јас би бил/а тажна...

  1. За каков родител се сметате?


А) Дисциплиниран

Б) Премногу грижлив

В) Разумен

  1. Кои се трите работи што би сакале да ги пренесете на вашето дете?


А) Ред, одговорност и знаење

Б) Совест, емпатија и трпение

В) Храброст, мудрост и љубов



Доколку имате најмногу одговори под А

Вие сте прилично авторитетен и строг родител, кој најчесто се прашува дали ги практикува правилните постапки при воспитување на своето дете. Барате разумни објаснувања, но, сепак,  сакате последниот збор да биде вашиот. Сакате вашето дете да биде примерно, самостојно и силно.

Доколку имате најмногу одговори под Б

Љубовта кон вашето дете за вас е света и сè поврзано со него е во центарот на вашиот свет. За вас најважна е неговата среќа, и токму затоа најчесто отстапувате од строгите правила и казнувања. Вие сте од оние премногу грижливи и „меки“ родители.

Доколку имате најмногу одговори под В

За вас, балансирањето е најважната алатка за воспитување на едно дете. Вие знаете да бидете строги, но и разумно попустливи. Секогаш сакате да ја најдете логиката во своите постапки и во реакциите на вашето дете. Истовремено сте чувствителни и авторитетни.

За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (СЕПТЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>