Фармацевти
Контакт

<< Назад

Како влијаат високите температури на нашите миленици?

август 1, 2021

д-р Александра П. Мурџева
ДВМ

|

август 2021

Летните горештини нè асоцираат на уживање, вода и плажа, но и на заштитни креми, избегнување  места без сенка и долго пешачење преку ден.

Дали знаевте дека и за нашите миленици важат истите правила?

Директното изложување на високи температури може негативно да влијае на здравјето на животните. Исто така, долготрајната изложеност на сонце може да му наштети на миленикот. Летото значи повеќе престој  надвор за домашните миленици, но треба да се земе  предвид дека тоа носи и вистински проблеми кај нив. Прегревањето исто може да биде фатално.

Најчестиот резултат при изложување на високи температури доведува до два критични случаи, како топлотен удар и сончаница. Ако во тие случаи не се интервенира на време од страна на ветеринарен доктор, може да биде трагично.

Кучињата и мачките не ја регулират телесната температура со потење како  луѓето, туку со испарување преку забрзано дишење. Како за топлотниот удар, така и за сончаницата прегревањето е главниот показател дека се менува здравствениот статус на миленикот, настанува хиперемија на мозокот и мозочните обвивки, при што доаѓа до пореметување на функциите за регулација на температурата, дишењето и крвотокот.

Како да препознаете топлотен удар?

Поради ваквите клинички знаци сопствениците се вознемирени од сликата на нивниот миленик, па честопати ги фаќа паника. Итноста бара и третман во истиот момент кога ќе се забележат првите симптоми. Сопственикот треба да го однесе миленикот во сенка, а главата да му ја крене на повисоко. Треба да го легне на страна и да го разлади со ладна вода, а во меѓувреме итно да го бара матичниот ветеринар. Шансите за спас зависат од времетраењето на реакцијата.

Како да спречите топлотен удар?

Препорачувам да се избегнуваат прошетки кога е премногу топло, особено по асфалтирани површини, сопствениците треба да внимаваат и при транспортот на нивните миленици, во никој случај да не ги оставаат сами во автомобил!

Како резултат на прошетки на вжештен асфалт може да дојде и до повреда на самите шепички (изгореници, крвавење, кривење итн.).

Бидејќи потните жлезди на кучињата се наоѓаат на шепите, и преку нив се врши дел од терморегулацијата, сопствениците навистина треба внимателно да се грижат за нив.

Доколку е неопходно да излезете со вашиот миленик, понесете си доволна количина  вода и барајте ги сенките каде и самиот асфалт има пониска температура.

За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АВГУСТ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>