Фармацевти
Контакт

<< Назад

Како да го подготвиме организмот од есенски настинки?

октомври 1, 2022



Нада Илиева Гранкова
Специјализиран Дипл. Фармацевт
ЈЗУ Општа Болница Кочани

Која е причината за појава на настинка?

Патогените микроорганизми - вирусите - се главните фактори, односно причинители за настанување на настинката.

Секој човек што кива или кашла може да ослободи огромен број вируси во воздухот околу него. Овие вируси многу бргу се шират и се залепуваат на површината и предметите што се наоѓаат во наша непосредна близина.

Нивното пренесување од еден човек на друг може да се случи многу бргу преку контак со рацете. Затоа се препорачува да се внимава со кого се поздравуваме и, секако, да одржуваме лична хигиена и дезинфекција по секој сомнителен контакт.

Влезот на вирусот во нашиот ораганизам може да биде преку устата, носот, очите и кожата.

Симптомите на настинка обично се појавуваат по два-три дена од моментот на инфекција со вирусот. Честопати се чувствуваме изморено и како да немаме доволно потребна енергија за извршување на нашите секојдневни обврски. Затнатиот нос или појавата на течен секрет од носот, кивањето, кашлањето, болките во грлото, болките во мускулите и умерената краткотрајна покачена телесна температура се симптомите што се појавуваат при настинките.

Се поставува прашањето како да го заштитиме нашиот организам од настинките?
За претстојниот есенски период препорачувам зајакнувње на нашето тело со зголемување и јакнење на нашиот природен имунитет. Потребно е нашиот организам да биде спремен за нападот на есенските вируси.

Првата и основна препорака е правилна балансирана исхрана. Правилна исхрана подразбира внесување на сите потребни хранливи материи во соодветни количини, кои се потребни за правилен развој, раст и одржување на виталните функции на организмот. Тоа се протеините, јаглеродните хидрати, мастите, витамините и минералите. Да не ја заборавиме водата како неопходна течност, која е потребна за правилно извршување на функцијата на клетките во организмот.

Витамините и минералите се супстанции потребни за правилна физиологија и работа на органските системи во организмот. Потребно е нивно правилно внесување преку исхраната или како суплементи во нашиот организам. Затоа, денес, особено внимание се обраќа на употребата на витамините и минералите преку исхраната и нивно користење како суплементи.

The Food and Nutrition Board on The Nattional Academy of Sciences го има дефинирано дневното потребно внесување, односно додатокот на разни витамини и минерали во исхраната на човекот. Општо прифатена препорака е да се зема препорачаната дневна доза витамини и минерали во организмот. Нивното преголемо внесување во организмот може да доведе до нарашување на здравјето.

За детално читање на овој текст, погледнете на 04-05 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Октомври 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>