Фармацевти
Контакт

<< Назад

Како да се забрза закрепнувањето по повреда на тетивите и лигаментите?

февруари 1, 2025

Тетивите претставуваат сврзни ткива составени од колагенски влакна преку кои мускулите се поврзуваат со коските, додека лигаментите поврзуваат две коскени ткива. Структурата на овие сврзни влакна е многу слична, но нивните улоги во нашето тело се разликуваат. Тетивите ја пренесуваат механичката енергија на мускулната контракција до коската, а со тоа предизвикуваат специфично движење. Од друга страна, функцијата на лигаментите е да го стабилизираат зглобот и да му дозволат да се движи во рамки на неговиот нормален опсег на движење.

Повредите на тетивите и лигаментите најчесто се јавуваат кај физички активните популации, што не значи дека постарите луѓе се поштедени од напрегања и истегнувања, особено ако зборуваме за жени во менопауза, кај кои синтезата на колаген природно е намалена.
Кај рекреативците и спортистите, повредите најчесто се случуваат поради лоша техника на вежбање, несоодветни услови за тренирање или прекумерно оптоварување. Над 50% од сите спортски повреди вклучуваат повреди на скелетниот систем и мускулите. Овие повреди се придружени со интензивна болка и оток и најчесто бараат долготраен одмор и примена на адекватна терапија. Навремената и точна дијагноза е предуслов за правилно и успешно лекување. Неопходно е рано да се дијагностицира повреда на тетивата за да се примени адекватна терапија. Одложеното лекување на повредите на тетивите доведува до развој на хронични заболувања и постојани проблеми кои ја нарушуваат спортската кариера и процесот на тренирање на спортистот.
Заедничкото име за сите болести на тетивите, без оглед на видот на промената е тендинопатија. Фактори кои придонесуваат за развој на тендинопатија: несоодветна исхрана, хормонални нарушувања, хронично воспаление, возраст. Важен фактор за појава на повреда на тетивата е локално слабото снабдување со крв на самата тетива. Поголемиот дел од спонтани руптури на тетивата се случуваат на местото на претходното долгорочно хронично воспаление на тетивата.

Како да спречите спортски повреди?
Тренингот за сила доведува до зголемена мускулна сила, што ја зголемува стабилноста на зглобовите и отпорноста на повреди. Правилно дозираниот тренинг и постепениот тренинг штитат од повреди на мускулите и тетивите.
Вежбите за истегнување обезбедуваат целосен опсег на движења во зглобовите, спречувајќи повреди на мускулите и тетивите.
Суплементацијата и соодветната исхрана придонесуваат за поквалитетна структура на меките ткива, зголемувајќи ја содржината на колаген во нив. Колагенот е одговорен за јачината на меките ткива, а витаминот Ц е неопходен за правилна синтеза на колаген во нашето тело. Во превенцијата и закрепнувањето од повредите, суплементацијата со препарати со колаген, глукозамин и хијалуронска киселина покажува позитивни ефекти.

Улогата на биоактивни колагенски пептиди во превенција и третман
Употребата на биоактивни колагенски пептиди во превенција и третман на повреди на тетивите и лигаментите интензивно се проучува во последните неколку години и покажа исклучително добри резултати - и во однос на ефикасноста и безбедноста. Биоактивните колагенски пептиди го стимулираат создавањето нови колагенски и еластински синџири, со што прво се намалува чувството на болка при правење движења, а потоа се обезбедуваат цврстина, подвижност и еластичност на овие ткива. Ова го забрзува процесот на закрепнување и го намалува ризикот од нови повреди. Препорачаните дневни дози на биоактивни колагенски пептиди се движат од 2 до 10 g, а студиите и практиката покажаа дека оптималната дневна доза е 5 g. Дневната доза на суплементи со биоактивни колагенски пептиди зависи од видот на колаген што се консумира, како и од целта за која се користи.
Многу е важно колагенските пептиди да се земаат заедно со витаминот Ц бидејќи овој витамин директно промовира правилна градба на нови колагенски влакна. Покрај витаминот Ц, има и некои други микро и макронутриенти и витамини кои можат да бидат корисни при повреди на тетивите и лигаментите - витамини Б6 и Б12, манган, цинк, калциум, витамин Д и омега-3 масни киселини. Поточно, витаминот Б6 е исклучително важен бидејќи има антиинфламаторно и антиоксидантно дејство, ги намалува воспалението и болката и го забрзува процесот на закрепнување по повредата.
MPharm Стефче Монавчев
Area Manager INNventa Macedonia

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>