Фармацевти
Контакт

<< Назад

Како настанува Лимфедем?

декември 1, 2022



Бојана Божиновска
Дипломиран физиотерапевт
Сертифициран лимфедерм терапевт
ПРО МЕДИКА

Лимфниот систем претставува пат по кој вишокот течност се собира и се пренесува од меѓуклеточниот простор и се враќа во венскиот крвоток.
Лимфедем е насобирање течност богата со протеин во мекото ткиво, кој е придружен со оток и предизвикува хронично воспаление и промена на околното ткиво.
Лимфниот систем се состои од лимфни капилари, лимфни садови, лимфни јазли, лимфоцити и одредени органи, кои се градени од лимфно ткиво и имаат одредена функција.
Лимфните капилари ја собираат вишокот течност од меѓуклеточ- ниот простор, која понатаму се носи низ лимфните садови во вен- ската циркулација.
Лимфните садови, за разлика од артериите и вените, сами ја пумпаат лимфата во лимфните јазли, па од нив во поголемите лимфни органи и на крајот во венската циркулација.
Природниот пренос на лимфата ја потпомагаат мускулите, зглобовите со своето движење, промената на притисокот на градниот кош при дишењето, пулсациите на артериите, негативниот притисок на вените, а и мануелната техника наречена мануелна лимфна дренажа ја пренесува лимфата низ лимфниот систем.
Лимфоцити се бели крвни зрнца што настануваат во лимфните јазли. Нивната функција е да препознаваат микроби, вируси, непознати клетки, канцерогени клетки и да реагираат на нив, да ги уништат и да ги исфрлаат од телото.
Лимфните јазли ја примаат лимфата од одредено подрачје од телото, на пример, лимфните јазли под пазувите ја примаат лимфата од раката, половината на градниот кош и грбот.

Функција на лимфниот систем
• ги враќа протеините во крвниот состав;
• го намалува вишокот течност од меѓуклеточниот простор;
• влијае на имунитетот - создава лимфоцити;
• ги впива мастите и витамините што се растворливи во масти и постепено ги враќа во венската циркулација.
Лимфната течност содржи многу хранливи состојки, таа претставува цел за бактерите, кои преку кожата може да навлезат во телото со помош на убод од инсект или ако се наруши континуитетот на кожата преку рана.
Ова може да стане вистински проблем ако лимфедемот се зголемува поради инфекција, изгоре- ница, преоптоварување на мускулите или убод од инсект.

Ако лимфниот систем не може да ја совлада насобраната течност, таа поч- нува да се враќа и да се собира во меѓуклеточниот простор во мекото ткиво и настанува лимфедем.

Лимфедемот може да ја зафати целата рака, дел од раката, само шаката или најчесто пределот над лакотот. Според тоа, лимфедемот може да се подели на три стадиуми.
1. прв стадиум - чувство на тежина, непријатност, притисок во одреден дел од телото или благ оток, речиси незабележлив со голо око.
2. втор стадиум - видна отеченост на дел од телото. При притисок останува вдлабнатина на кожата и треба време да се изгуби.
3. трет стадиум – зафатениот дел од телото е два-трипати зголемен во споредба со здравата страна.

Фактори што може да го зголемат ризикот од настанување лимфедем:
Лимфедем може да се појави една недела по операција или години по иницијално лекување на онколошките болести. Може да е провоци- ран од инфекција, повреда или без некоја причина.

Фактори што може да влијаат на настанување на лимфедемот:
• Повреда на кожата и на мускулите: гребаници, каснување од животно, убод од инсект, повреда при работа во градина;
• Топлина - поради ширење на крвните садови, може да влијае на зголемување на течноста во пределот на лимфедемот, претераното седење во топла када или на сонце може да го зголеми лимфедемот;
• Преголемо физичко оптоварување на раката при чистење, носење тежок товар на оперираната страна;
• Зголемување на телесната тежина може да влијае на лимфедемот бидејќи го ограничува протокот на крв и лимфа;
• Прекумерно пушење;
• Дијабетес;
• Згрутчување на крвта;
• Долги авионски летови;
• Напреднат карцином во лимфните јазли.

Знаци што предупредуваат на појавата на лимфедем:
• Чувство на тежина во раката/ногата;
• Чувство на затегање на шаката;
• Незначителен оток во шаката и прстите;
• Намалено движење на раката и прстите;
• Чувство на затегнатост;
• Накитот што се носи почнува да биде мал;
• По притисок на кожата, останува вдлабнатина на тоа место;
Како да се препознае инфекцијата
• Треска;
• Црвенило;
• Оток;
• Чувство на топлина;
• Пречувствителност или болка во одреден дел од телото.

За детално читање на овој текст, погледнете на 22-23 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Декември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>