|
Д-р Наташа Димитриевска Стојановска
ПЗУ Дерма Естетик
Blue light или високоенергетска видлива светлина е дел од спектрумот и е високоенергетска од кратките бранови на видливата светлина, но не треба да ве збунува со УВА и УВБ-зраците. За прв пат се споменува пред три години кога се укажа дека сината светлина која е високоенергетска видлива светлина продира подлабоко во кожата од другите светлини во истиот спектрум благодарение на долгата бранова должина која може да ја оштети кожата на сличен начин како и сонцето. Затоа треба да ја заштитиме кожата од оштетување. Направени се испитувања особено сега во време на пандемија со дигитализацијата и работењето од дома и интеракција со предмети кои зрачат: мобилни телефони, компјутери, таблети, дека сега сме изложени на зрачење повеќе од кога било. Експонираноста од осум часа пред компјутер и мобилен телефон е како престој 20 минути на сонце, меѓутоа вашата кожа нема да биде видливо изгорена и нема да се создаде канцер на кожа како од сончевите зраци, но, сепак, ова зрачење ќе доведе до предвремено стареење. За разлика од сонцето, сината светлина од екраните е поблиску до лицето и високофреквентната сина светлина навлегува подлабоко во кожата за разлика од УВА и УВБ-зраците, па по тоа и се разликуваат.
Како резултат на оштетувањето и нејзиниот цитотоксичен ефект со оксидативен стрес се појавуваат фини линии и брчки кои се знак на предвремено стареење на кожата. Исто така, сината светлина ја зголемува продукцијата на меланин во процес кој се нарекува меланогенезис, особено кај лицата со потемен тен кои и онака се борат со хиперпигментациите. Сината светлина
blue–light damage креира слободни радикали кои се мали хемиски партикули што прават козметички пустош во кожата и го разбиваат колагенот и прават инфламација, што резултира со црвенило, темни пеги и брчки.
Поради тоа во 2020 година многу компании започнаа со лансирање продукти за заштита од сина светлина.
Дерматолозите се согласуваат дека како што користиме заштита од сонце потребно е да користиме и креми кои имаат заштита од сина светлина, како и креми кои во себе содржат заштитен фактор за сонце и фактор за заштита од сина светлина.
За детално читање на овој текст, погледнете на 16 стр. во електронското издание на BETTY магазин (НОЕМВРИ 2020).