Фармацевти
Контакт

<< Назад

Како ќе знаете дали имате катаракта?

јули 2, 2020

д-р Наум Трпеноски
ОФТАЛМОЛОГИЈА, ПРОМЕДИКА



|

Доколку имате над 50 години и имате заматен вид, обратете се кај вашиот очен доктор, бидејќи можеби имате катаракта. Под поимот катаракта подразбираме заматување на природната леќа на окото, при што се губи можноста за прекршување на светлосните зраци со што се намалува видната острина и тоа постепено води кон загуба на видот. Катарактата е најзастапено заболување на сетилото за вид, која ја ограничува или целосно ја оневозможува функцијата на окото, а воедно е и најчеста причина во светот за намалување на видот, особено кај постарата популација. Не постои единствена теорија со која може да се докаже зошто кај некои луѓе се развива катаракта, а кај некои и во длабока старост леќата на окото останува проѕирна. Со сигурност се знае дека наследниот фактор е еден од главните причини за создавање катаракта, а од другите причини кои може да влијаат за појава на оваа болест може да ги наброиме: полот (почесто се развива кај жени), долготрајното користење лекови од групата кортикостероиди, долготрајното и често консумирање  алкохол и цигари, големата изложеност на сончево и радијациско зрачење, дебелина, дијабетес, претходни повреди на окото и воспаление на внатрешните структури на окото.

Како ќе знаете дали имате катаракта? Некои од основните симптоми кои укажуваат на постоење на катаракта се:

Единственото лекување на ова заболување е оперативно, односно се отстранува заматената леќа и се заменува со имплант (интраокуларна леќа) која ќе ја врши истата функција како и природната леќа и која останува во окото засекогаш. Операцијата на катаракта со метод на факоемулзификација е безболна, еднодневна  хирургија и подразбира примена на ултразвук во отстранување на заматената природна леќа, наместо која се вградува вештачка леќа, која на пациентите им овозможува јасен вид каков што имале пред настанување на катарактата.

Временски катарактата се развива индивидуално, од неколку месеци до неколку години. Порано се верувало дека за операција на катаракта треба да се чека до нејзината крајна фаза кога пациентот веќе не е способен самостојно да функционира. За среќа, ваквиот став е застарен и надминат. Всушност, како што напредува болеста леќата во окото станува сè потврда, а со самото тоа и потешко се отстранува. Исто така, кај позрела катаракта, неопходно е да се користи поголем интензитет на ултразвук, што може да им штети на околните ткива, особено на рожницата. Ваквата операција трае подолго, а со самото тоа подолготраен е и процесот на заздравување на рожницата. Препорака е операцијата да се изврши тогаш кога тегобите кои ги предизвикува катарактата пречат во секојдневните активности: ослабен вид кој оневозможува читање и отежнува гледање телевизија, појава на непријатен отсјај при сончево време, односно од автомобилски светла при ноќно возење итн. Важно е да се напомене дека операцијата е значајно побезбедна доколку се оперира катарактата во рана фаза, пократко трае, со минимален процент на компликации и оздравувањето е далеку побрзо и покомфорно.

Пациентот избира каква леќа ќе му биде вградена во окото при операција на катаракта во зависност од неговите желби, потреби, начин на живот, хоби, како и професионална определеност.



12 милиони луѓе во светот се слепи поради  катаракта. Дали и вие ќе бидете едни од нив или ќе одлучите да се оперирате зависи само од вас! Хирургијата на катаракта е наш приоритет, а вашето задоволство од враќање на видот нашата цел. Ве очекуваме во Промедика Офталмологија и д-р Наум Трпеноски!

За детално читање на овој текст, погледнете на 6-7 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУЛИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>