Фармацевти
Контакт

<< Назад

Канабис во медицински цели – 2 дел

март 1, 2021

Гордана Трендовска Серафимовска
дипл. фармацевт
спец. по контрола и испитување на лекови
советник за канабис
РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ, Скопје

|



- Кога зборуваме за препарати од канабис, секогаш приоритет во однос на нивниот квалитет ни е  колку во нив е успеано да се изолира и да се задржи богатството кое природата штедро го дарила на ова растение со биолошки неповторлив состав и потенцијал.  

Целта на процесите на екстракција е преку внимателно креирање и строго стандардизирање на условите на изведба да се изврши „извлекување“ и концентрирање на што повеќе од биолошко-активните компоненти на растението. Притоа се инсистира на максимално избегнување  постапки и агенси со кои во финалниот екстракт може да биде компромитиран/нарушен биолошкиот сооднос. Во прв ред се избегнуваат термички експозиции, при кои голем број термолабилни компонети перманентно се губат.

Затоа што најзначајната вредност на сите финални производи од канабис, пред сè, е инкорпорирањето природен, потполн, полновреден “Full Spectrum” екстракт од канабис, кој е добиен со софистицирана „ладна“ постапка на екстракција.

Нема простор за споредба на квалитетот и потенцијалот на производите со “Full Spectrum” екстракт, во однос на оние во чие производство се користат цврсти прочистени изолати од канабиноиди или дури и цврсти канабиноидни структури, кои може да се производ на органска синтеза.

- Декларацијата на препаратот мора да претставува јасна и недвосмислена информација за квалитативниот состав и концентрацијата на примарните канабиноиди, во прв ред, непсихотропниот CBD и психотропниот THC, формата во која се наоѓаат,  нивното потекло и др.

Секогаш изберете производ од медицински канабис, кој содржи природен екстракт од канабис, кој е носител на декларираните количини на CBD и THC, а едновремено е носител и на нивниот синергизам со другите бројни природни фитокомпоненти.

Неговата биолошка вредност е далеку повисока во однос на цврстите прочистени канабиноиди  изолирани од екстракти или аналогни канабиноидни молекули добиени со органска синтеза...

- Хемиската форма во која се наоѓаат присутните канабиноиди во формулацијата мора да е јасно назначена на декларацијата.

Свежото растение примарно ги содржи канабиноидите во карбоксилирана/кисела форма, која е хидрофилна/растворлива во вода, а нерастворлива во масти и  тешко ги минува липофилните (масните) бариери во човечкиот организам,  поради што потентноста и потенцијалот на карбоксилираните форми на канабиноидите се пониски отколку на нивните декарбоксилирани/неутрални форми.

По контролирани постапки на декарбоксилација/активација, карбоксилираната/киселата форма на канабиноидите се трансферира во неутрална форма, која е липофилна/растворлива во масти, а нерастворлива во вода. Разбирливо, бидејќи оваа форма полесно ги минува липофилните (масните) бариери во човечкиот организам,  има подобра ресорпција и пројавува поизразена  потентност и потенцијал.

На пазарот може да се најдат и препарати од канабис во кои се декларира содржина на “CBD/CBDA” или содржината на „вкупен CBD“.

Кај овие производи најчесто не е дефиниран соодносот на двете хемиски форми на CBD; неутрална и кисела, поради што ваквите производи се со нестандарден квалитет и нестабилни, со променлив состав во пропишаниот рок на употреба.

- При избор на производ од канабис значајно е на декларацијата јасно да биде назначена информацијата дали се работи за „масло од коноп или канабис“ (Hemp Oil, Cannabis Oil или Hemp Extract, Cannabis Extract )  или „масло од семе од коноп“ (Hemp Seed Oil).

Неопходна е јасна дистинкција помеѓу овие поими со кои потрошувачите често се манипулираат.

Неспорно е дека од семето на индустрискиот коноп (Hemp Seed) со ладно цедење се добива висококвалитетно  масло кое се користи во исхраната и во козметички цели, а кое за разлика од екстрактот од цветот или целата херба НЕ содржи канабиноиди.

Разликата во биолошката вредност  на “Full Spectrum” природни екстракти од медицински канабис и прехранбеното масло од семе од коноп е сигнификантна...

- Многу значаен аспект на квалитет е здравствена безбедност, односно отсуство на контаминанти во препаратите од канабис за медицински цели.

Под овој аспект, во прв ред се подразбира соодветност кон пропишаните, строго лимитирани граници на толеранција на присуство на пестициди, тешки метали, резидуални органски растворувачи и други токсични материи, микотоксини (афлатоксини и охратоксин) и микробиолошка чистота.

-Затоа е значајно во екстракција да се користи висококвалитетен растителен материјал од сертифицирани вариетети од лиценцирани и акредитирани одгледувачи на канабис, со контролирана здравствена безбедност во однос на отсуство на сите горенаведени контаминанти.

-Процесите на одгледување, сушење, процесирање и пакување на сушениот цвет, транспорт и складирање, ектракција и технолошките постапки на инкорпорирање на екстрактите во различни фармацевтски формулации до финален производ во оригинално пакување, треба да се одвиваат во строго контролирани услови, со соодветен степен на микробиолошка чистота на просторот и опремата.

- Битна предност е целокупното процесирање на хербата и процесите на екстракција да се одвиваат без ризици од контаминација, со отсуство на користење штетни агенси кои подоцна може да се јават како резидуални контаминанти во цветот, екстрактот и другите преработки.

Соодветно, финалниот екстракт добиен со CO2 екстракција со користење гас со фармацевтски квалитет не содржи никакви резидуални органски растворувачи (нафта, петролетер, хексан, изопропанол... ниту етанол), за разлика од илегално набавените екстракти каде постои ризик од присуство на овие штетни органски растворувачи, кои тешко се отстрануваат од финалниот  екстракт.

Разбирливо е дека „домашните“ услови на одгледување, екстракција и производство не можат да обезбедат соодветно ниво на микробиолошка чистота и отсуство на микотоксини. Небезбедни се и во однос на третирањето со пестициди, квалитетот на почвата, местоположбата...

Поради гореспоменатите аспекти на квалитет и здравствена безбедност, законодавецот и релевантните авторитети во државата мора да работат во правец потрошувачот/пациентот да биде заштитен од сите овие манипулации со производите од канабис, кои при консумирање носат ризици по здравјето.

- При изборот секогаш треба да се даде предност на финални производи од канабис, произведени од страна на лиценцирани фармацевтски производители, кои во сите последователни процеси на затворениот циклус на нивно производство и контрола имаат целосно имплементиран систем на норми на добра производствена пракса, GMP.

Ако со децении наназад граѓаните немаа избор, со легализација на препаратите од канабис во медицински цели изборот веќе го имаат...

Граѓаните на Македонија тоа го очекуваат од производителите, како победа на нивната повеќегодишна борба за легализација на канабис во медицински цели...

Граѓаните го поттикнаа ентузијазмот со кој се започна и се создадоа стандардите на производство на сушен цвет, екстракти и препарати од канабис, низ континуирана едукација, истражување и развој.

Јасна е визијата и целта кон која понатаму продолжуваме да чекориме со крупни и решителни чекори...

За детално читање на овој текст, погледнете на 16-17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>