Фармацевти
Контакт

<< Назад

КАПКА ЗДРАВЈЕ – Рицинусово масло

јули 2, 2020

|



Рицинусовото масло е многу корисно масло кое своите придобивки ги покажало уште во античко  време. Поради големата концентрација на витамин Е и рицинолеична киселина, тоа е едно од најкористените масла особено во козметиката, бидејќи го поттикнува создавањето  колаген и ја намалува појавата на брчки. Што навистина прави рицинусовото масло и кои се придобивките од него што треба да ги знаеме?

Антиоксидантите, антиинфламаторните и антисептичките својства содржани во рицинусовото масло ја покажуваат важноста на ова масло за нашето здравје. Рицинусовото масло помага во елиминирање на одредени воспалителни процеси во организмот. Богато е со омега 6 и омега 9 масни киселини, како и со витамин Е.

Антиоксидантите што ги содржи рицинусовото масло, исто така, го спречуваат развојот на слободните радикали во телото.

Рицинусовото масло се добива со ладно цедење на зрело семе од рицинус и има жолтеникава боја. Причината поради која ова масло е едно од најзначајните за човековото здравје е присутноста на незаситени масти во составот.

Придобивките на рицинусовото масло

Мелем за коса

Познато како природно средство кое го поттикнува растот на косата, рицинусовото масло покрај тоа што го забрзува растот, ја подобрува и структурата на косата. Со редовна употреба ја обновува оштетената коса и ги елиминира проблемите со првутот. Благодарение на омега 9 масните киселини со кои е богато рицинусовото масло, косата го враќа природниот сјај и ја добива потребната влажност.

Рицинусовото масло е доста густо, затоа нанесете малку на скалпот. Со нежни движења масирајте го темето на косата, покријте ја косата со кеса и преспијте. Бидејќи има висока моќ на впивање, пренесувајќи ги хранливите материи маслото длабоко продира до внатрешноста на влакното.

За цврсти нокти

Покрај тоа што рицинусовото масло го забрзува растот на ноктите, ја зацврстува структурата на ноктот и го заздравува кршливиот слој. Доколку редовно нанесувате рицинусово масло, ќе забележите подобрување, како на ноктите така и на кожата околу нив. Секоја вечер на чисти нокти нанесете рицинусово масло и оставете да дејствува преку цела ноќ. Сјајот на вашите нокти ќе го забележите по само неколку дневно користење.

Сјај на лицето

Хранливите состојки во рицинусовото масло дејствуваат на кожата, со што ја спречуваат појавата на брчки, го подобруваат изгледот, даваат свежина и сјај. Навечер нанесете неколку капки на критичните зони од вашето лице, како што е челото, кожата околу усната и убаво измасирајте.

Бонус BETTY совет

Со цел да ги добиете придобивките од рицинусовото масло, секогаш преферирајте купување чисто масло; проверете ги состојките и внимавајте  да  содржи само рицинусовото масло – без додатоци.

За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУЛИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>