Фармацевти
Контакт

<< Назад

Кои се вашите предизвици на патот на промена?

октомври 1, 2020

|

Марина Анчевска
Основач на Центарот за бизнис, психологија, системски НЛП, ЈИЕ НЛП мастер тренер и коуч јога учител писател



Со каква мисла станувате наутро и какви се вашите утрински ритуали и како тие влијаат на тоа какво ќе биде вашето однесување и реагирање на ситуациите во секојдневието?

Предизвици секогаш ќе има, но како се справуваме со нив е секако индивидуален процес. Ако секогаш истото го правите, секогаш ќе ги добивате истите резултати. Доколку сакате промена пожелно е да се однесувате поинаку, да го смените начинот на размислување и дејствување, да ги освестите емоциите и начинот на кој реагирате.

А, најважно од сè е да се следите себеси.

Голем дел од луѓето кога ќе дојде момент на свесност дека им треба промена веднаш започнуваат со изговори од типот: немам време, немам пари или енергија за да направам промена.

Веднаш ја намалуваат вредноста на тоа што би сакале да им се случи, спуштајќи ги своите стандарди и убедувајќи се себеси дека сепак резултатот што би го добиле кога би направиле промена и не е толку вреден.

Стравот од промена е поголем од желбата за нешто ново. Можеби не толку страв од промена, туку освестувањето за тоа што се е потребно да се направи за да се постигне тоа што се посакува.

Што може да ви помогне поедноставно да менувате лимитирачки навики, да усвоите нови утрински ритуали или да направите каква било промена која  бара време, пари и/или енергија?

Од мојата долгогодишна кариера како професионален тренер и коуч, работејќи со голем број на компании и индивидуалци ширум светот, водејќи ги во процес на промени, осознав дека причината за тоа зошто многу луѓе остануваат заглавени во стари, непродуктивни навики, а некои лесно се движат низ промените, е затоа што различно го мерат и го вреднуваат времето.

Постојат 2 типа на луѓе:

Едните немаат време, а другите имаат време!

Сите луѓе на планетава секој ден имаат 24 часа на располагање.

Разликата е во тоа што едните го мерат времето според тоа во што и како го потрошиле, а другите во што и како го инвестираат!

Замислете како би било доколку отсега па натаму свесно ги инвестирате вашето време, пари и енергија и почнете да живеете со сознание дека се е инвестиција?

Врз основа на резултатот вие мерите и знаете да кажете дека сте потрошиле време, пари и енергија без да сте свесни дека се е инвестиција. Всушност се работи за свесност за тоа како го планирате вашето време т.е. како, каде и во што го инвестирате.

Сега, кога веќе го имате ова сознание, запрашајте се себеси во што несвесно го инвестирате вашето време, доколку постојано се убедувате себеси дека немате време за вежбање, за

здрав начин на исхрана, шетање во природа и ред други активности што ќе ви донессат подобро здравје и енергија?

Дали го инвестирате вашето време повеќе од потребно на социјалните мрежи, гледање телевизија, водење немотивирачки разговори кои ви ја „трошат енергијата”, анализирање на се што ви се случува во животот, работата, луѓето, перфекционистичко средување на вашата околина во која живеете и ред други активности и ритуали кои ве исцрпуваат и ви ги „трошат времето, парите и енергијата”?

Вашите изговори за да не правите промена, се креирани од самите вас, од вашите лични убедувања. Вие можете истите тие многу лесно да ги смените само со тоа што свесно ќе инвестирате време, пари и енергија во нешто што ве исполнува, а не во нешто што ве троши и носи непосакувани резултати.

Одлуката е на вас дали ќе трошите или ќе инвестирате!

За детално читање на овој текст, погледнете на 28 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ОКТОМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>