Уште еден одличен и здрав рецепт кој ќе ве заслади на здрав начин.
Потребни состојки:
8 белки
2 големи лажици екстракт од ванила
130 г кокосово масло
10 лажици стевиа
250 г бадемово или овесно брашно
200 г сечкани ореви
по желба се додава различно суво овошје
1 голема лажица рум
еден исцеден портокал
рендана кора од портокал
Начин на подготовка:
Во голем сад се матат белките, заедно со ванила екстрактот, кокосовото масло и стевиата. Кога ќе се изедначат состојките додајте ги оревите и сувото овошје. На крај додајте го сокот од портокал и кората.
Печете во куглоф на 180 степени околу 40 минути.
За детално читање на овој текст, погледнете на 25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2021).
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци