Фармацевти
Контакт

<< Назад

Колку пати сте ги слушнале термините “All on four” или “All on six” и што истите значат?

јули 1, 2022


Д-р Димитар Нацевски


"All on four" или "All on six" всушност претставуваат кратки називи за еден имплантолошки концепт и пристап со кој во беззаба вилица или во вилица со неколку преостанати заби односно со заби со лоша прогноза, четири или шест импланти се поставуваат на одреден начин и соодветно растојание со цел да бидат основа за идното протетско решение односно да помогнат во рехабилитаци- јата на насмевката, забите и здравјето на пациентот.

Понатаму, имедијатното оптоварување на "all on X" концептот всушност значи дека дадените импланти се оптоваруваат со привремено протетско решение, најчесто акрилатен мост со акрилатни заби во првите 24 - 48 часа по поставувањето на имплантите, односно непосредно по хируршката интервенција, што всушност е од огромно значење за пациентот и неговата секојдневна рутина, функционалност и социјалниот живот. Ова е голема предност за самите пациенти кои ги добиваат забите одма за разлика од конвенционалниот пристап кој изискува имплантите да останат неоптоварени 3-4 месеци, период во кој пациентите немаат никаква протетско решение во својата уста.

Земајќи го горенапишаното во предвид, да видиме кои пациенти се кандидати за ваков третман:

• Беззаби пациенти кои немаат заби и имаат потешкотии со носењето на класичните протези
• Беззаби пациенти кои преферираат да имаат фиксно решение отколку тотални протези
• Пациенти со тешка и напредната пародонтална болест чиишто заби имаат лоша прогноза
• Пациенти кои имаат повеќе извадени заби и генерално имаат лоша состојба на останатите заби
• Возрасни пациенти, со скелетни малоклузии кои довеле до губиток на заби и други проблеми како заболувања на ТМЗ итн.

Друго често прашање е дали е процедурата болна односно дали пациентот чувствува болка за време на истата при што одговорот е децидно НЕ! За време на хируршката процедура, пациентот е анестезиран со локален анестетика и не чувствува никаква болка. Дури и да почувствува пациентот блага чувствителност, хирургот ќе ја зголеми анестезијата и било каква болка се повлекува во истата минута. Во однос на пост оперативната нега, пациентите може да имаат симптоми на оток и малку болка во првите неколку дена, но не повеќе од неколку дена по што пациентите продолжуваат со нормалните секојдневни активности.
Секако дека докторот препишува и потребни лекарства се со цел овие состојби да бидат ставени под контрола.

Дали постојат несакани дејства? Несаканите дејства не се ништо поразлични од оние кои се можни при стандардниот/конвенционален пристап за поставување на импланти, што го прави овој концепт ништо поразличен ниту "поопасен" од конвенционалниот пристап на имплантирање.

Каков тип на заби добиваат пациентите? Во првите шест до дванаесет месеци по поставувањето на имплантите, пациентите добиваат акрилатни мостови со акрилатни заби, по што истите можат да се заменат со дефинитивни заби изработени од метал-керамика, титаниум-композит или пак цирконија, во зависност од желбите на пациентот. И за крај би сакал да спомнам дека овој тераписки концепт и пристап е еден од најдобрите современи решенија за пациентите кои имаат потреба од комплетна рехабилитација на забалото особено во терминалните ситуации каде секоја друга опција е лимитирана.

Како посебна предност е фактот што пациентите добиваат заби врз имплантите што е можно најбрзо по третманот уште истиот ден или за ден до два после хируршката процедура.

Последното што би го додал е дека колку повеќе пациентите чекаат да го започнат овој третман, толку повеќе губат, бидејќи колку повеќе време одминува, толку повеќе се потенцира коскената ресорпција односно губитокот на коска а доколку нешто е потребно за успехот на имплантите тоа е соодветната количина на коска околу истите, со цел тие да бидат стабилни и соодветно интегрирани.

За детално читање на овој текст, погледнете на 22-23 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јули 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>