Фармацевти
Контакт

<< Назад

Ласерско вагинално подмладување – Renovalase

октомври 1, 2022



Дали знаевте дека вагиналната атрофија (сувост на вагината и вулвата) влијае на повеќе од половина од постменопаузалните жени на возраст меѓу 51 и 60 години? На оваа тема одговорите ги побаравме од лекар специјалист:

Проф д-р Ана Данева Маркова
Специјалист по Гинекологија и Акушерство
Консултант во Промедика Медикал Центар

Што е вагинална атрофија - сувост на вагината?

Сувоста на вагината е честа појава во перименопаузалните години и кога настанува менопауза, како и кај жени кои се лекувале од рак на дојка и гинеколошки карцином кај кои биле отстранети јајниците.

Освен непријатното чувство кое е постојано присутно, тука е и проблемот со многу болните интимни врски кои го намалуваат квалитетот на животот.

Што се користи во терапија на сувост на вагината?

Во третманот на сувост на вагината, можно е користење на лубриканти, и системска и локална хормонска терапија, како и алтернативни терапии.
Се користи и Er.Yag ласер кој термички делува на ткивото на вагината и стимулира создавање на нов колаген.
Дополнително ги стимулира клетките на слузокожата на вагината, промовира хидратација и влажност на вагината - ласерска терапија за сувост на вагината - IntimaLase.

Што е потребно пред третманот?

Пациентките кои се кандидати за оваа интервенција треба да имаат нормален наод на ПАП, како и на вагиналниот секрет. Овој третман не се препорачува на трудници, во тек на менструалниот циклус и во тек на хемотерапија. Како изгледа ласерската терапија за сувост на вагината? Постапката се изведува со поставување на стаклен спекулум во внатрешноста на вагината во која е вметната ласерската екстензија. Интервенцијата е безболна, а пациентката чувствува блага топлина во внатрешноста на вагината поради зголемена температура на ткивото.

Интервенцијата трае најмногу 30 минути, по што пациентката може да се врати на секојдневните активности. Неколку дена по третманот, вагиналниот исцедок може да се зголеми, а сексуалните односи и кревањето тешко,треба да се избегнуваат во следните 10 до 14 дена.

Неколку дена по третманот вагиналниот секрет може да биде зголемен, може да дојде до промена во менструалниот циклус и до интерменструално крварење.

Renovalase третманот за вагинално подмладување (рејувенација) се изведудва со ревулционерен ласер Er:YAG во ПРОМЕДИКА МЕДИКАЛ ЦЕНТАР кој дава одлични резултати кај пациентите со атрофија на вагината.

Колку ласерски третмани за сувост на вагината се потребни?

Се препорачуваат три третмани во интервали од еден месец за забележителни резултати. Максималниот ефект е видлив три месеци по последниот третман.

За детално читање на овој текст, погледнете на 14-15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Октомври 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>