|
Покрај тоа што ќе биде поекономичен од готовите ледени чаеви што можете да ги најдете во продавниците, домашно приготвениот леден чај ќе можете да го пиете токму по свој вкус. Со помош на неколку кесички филтер чај, може да се освежите со напиток во кој ќе бидете сигурни дека нема додадени состојки како вештачки бои, засилувачи на вкусови или, пак, дополнителни шеќери.
Овој пијалак е вистинско освежување во овој период од годината и е одличен начин за безгрижно внесување течности. Имате потполна слобода да експериментирате со најразлични билки и овошје, па дури и да го засладите со лажица мед или маџун, наместо шеќер.
Домашно подготвениот леден чај кој може да го зачините по ваш избор, може да го направите со поголеми количини и да го чувате неколку дена во фрижидер. Складирањето на ледениот чај е препорачливо да биде во стаклено шише и да е соодветно затворено. Доколку во него додавате парчиња овошје, ќе мора да го испиете во текот на истиот ден.
Домашен леден чај од брусница
За брусницата се вели дека е природен антибиотик, бидејќи го спречува прилепувањето на бактериите за ѕидовите на слузниците во организмот. Благодарение на присуството на биофлавоноиди, ја спречува и појавата на заболувања на непцата. Се препорачува на сите кои се изложени на стресни ситуации. Чајот од сушени плодови или нивниот екстракт, последните години стана исклучително барано помошно лековито средство во превенција и лекување инфекции на уринарниот тракт.
LIVSANE Чај од брусница содржи 20% плодови од брусница, 1% лист од брусница и 8% арома на брусница.
За подготовка на овој леден чај, потребно ви е:
- 1 литар зовриена вода
- 4 кесички Livsane чај од брусница
- 1 лажичка мед/маџун
- свежо нане
- свежа валеријана
Ставете ги филтер кесичките чај во зовриена вода и оставете ги десетина минути. Потоа отстранете ги кесичките, засладете по свој вкус и оставете го чајот да се излади. За да можете да се освежите со овој напиток, потребно е да постои еден час во фрижидер или, пак, да додајте неколку коцки лед.
Домашно подготвениот леден чај од брусница може да го декорирате со неколку листови свежо нане и валеријана. Комбинацијата на нане и валеријана покрај тоа што одлично прилега на вкусот на брусницата, ќе дејствува освежително и смирувачки.
Домашен леден чај од ѓумбир
Во азиските традиционални системи на лекување ѓумбирот се употребува при пречки во варењето, против повраќање и како стимуланс. Истражувањата на составот на етеричното масло од ѓумбир покажале дека тој содржи состојки кои ја подобруваат салвацијата, лачењето на жолчка и желудочни сокови, а лутите состојки дејствуваат против мачнини за време на патувања.
LIVSANE Чај од ѓумбир е мешавина која содржи 25% корен од ѓумбир, 1% арома од ѓумбир, плод од јаболка, плод од шипка, лист од маточина, 9% арома лимун – лимета и кора од лимон.
Има единствен богато ароматичен и пикантно-цитрусен вкус. Помалку лутиот вкус на ѓумбир ќе ги загрее вашите тело и душа, а лимонот ќе ве освежи.
За подготовка на овој леден чај, потребно ви е:
- 1 литар зовриена вода
- 4 кесички Livsane чај од ѓумбир
- 1 лажичка мед/маџун
- 3 праски
- половина манго
- лимета
Ставете ги филтер кесичките чај во зовриена вода и оставете ги десетина минути. Откако ќе ги отстраните кесичките чај, засладете по свој вкус со мед или маџун и оставете го чајот да се излади. Додајте неколку коцки лед за да го изладите, или, пак, оставете го во фрижидер. Овој освежителен напиток може да го зачините и со неколку парчиња лимета, тенко исечкани парчиња праска и парчиња манго.
Вашата домашна Летна Приказна!
Мешавина од хербален чај со арома од сперминт и лимон – лимета.
Билните чаеви со лековити дејства и најчесто се користат и во народната медицина за одредени видови заболувања, служат како одличен начин за освежување во летните денови.
За подготовка на овој леден чај, потребно ви е:
- 1 литар зовриена вода
- 4 кесички Livsane чај – Летна Приказна
- 1 лажичка мед/маџун
- сок од лимета
- ларчиња зелено јаболко
- парчиња диња
Во зовриената вода ставете ги филтер кесичките од
чајот Летна Приказна – Livsane.
Почекајте десетина минути, отстранете ги филтер кесичките и засладете со маџун или мед. Оставете го да се излади во фрижидер или ставете неколку коцки лед. Откако ќе се излади, ставете крупни парчиња јаболко, ситни парчиња диња и додајте го сокот од лимета.
За детално читање на овој текст, погледнете на 16-17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУЛИ 2020).