Фармацевти
Контакт

<< Назад

Лесни, интересни и пред се здрави рецепти за сечиј вкус!

мај 2, 2023



I. Тестенини со кремав сос од морков

СЕРВИРАЊА: 2-3 ЛИЦА | ПОДГОТОВКА: 20 МИН. | ГОТВЕЊЕ: 25 МИН. | СОСТОЈКИ: 10-12 | ТЕШКОТИЈА: 3/5

СОСТОЈКИ:
• 300g интегрални тестенини по ваш избор • 1 главица кромид, исецкан • 5 чешниња лук, ситно исецкани • 2 лажички маслиново масло • 3 средно големи моркови, исецкани • 150ml вода • Околу 150ml сос од домати • Малку сол и црн бибер • Неколку лажици соја сос • 20-30g индиски ореви, ситно исецкани
- По желба може да се додаде во сосот: 1-2 китки магдонос, исецкани и сок од лимон

ПОДГОТОВКА:
Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Загрејте маслиново масло на тавче, додадете ги кромидот и лукот и динстајте додека не заруменат и омекнат (околу 5 минути). Додајте ги морковите, индиските ореви, водата и сосот од домати и зачинете со сол и бибер. Гответе околу 15 минути, додека морковите не омекнат.

Додадете 1-2 лажици соја сос и тргнете го тавчето од оган. По желба додадете ги и магдоносот и сокот од лимон. Ставете ја смесата во блендер и постепено блендирајте додека не добиете кремава смеса. Измешајте ги процедените тестенини со сосот и послужете.

II. Шпагети со тиквичка и спанаќ

СЕРВИРАЊА: 4 ЛИЦА | ПОДГОТОВКА: 15 МИН. | ГОТВЕЊЕ: 20 МИН. | СОСТОЈКИ: 11-12 | ТЕШКОТИЈА: 2.5/5

СОСТОЈКИ:
• 400g интегрални шпагети • неколку лажички маслиново масло • еден голем или две средно големи главици кромид, исецкани • 2 средно големи тиквички, исецкани • 3 чешниња лук • малку сушено оригано и црвен пипер • 100ml сос од домати • 1 свеж домат, исецкан • 1-2 свежи пиперки, ситно исецкани • oколу 400g свеж спанаќ • сол и мелен црн бибер
- По желба, при сервирање, пармезан

ПОДГОТОВКА:
Сварете ги шпагетите според упатството на пакувањето. За сосот – загрејте маслиново масло во големо тавче. Додадете го кромидот и пропржете 3-5 минути.
Додадете ги тиквичките, лукот, ориганото, црвениот пипер, свежите пиперки и малку сол. Динстајте околу 5-8 минути, додека зеленчуците не омекнат делумно, често промешувајќи. Додадете го и доматниот сос и гответе уште 2-3 минути.

Додадете го и исецканиот свеж домат и гответе додека течноста во тавчето делумно не испари (околу 10-15 минути). Кога сосот е згуснат, тргнете го од оган и додадете го свежиот спанаќ и босилок. Промешајте и потоа додадете ги шпагетите и оставете ја ваквата смеса некоја минута. Шпагетите треба да впијат од сосот, а спанаќот од топлината и влагата да омекне. Повторно промешајте и послужете.

За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Мај 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>