Мини пици од тиквичка:
- Масло за готвење
- 1 средна тиквичка
- Морска сол
- 1/4 чаша доматен сос
- 1/2 чаша рендана моцарела
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 400 степени. Обложете го тавчето со алуминиумска фолија. Исечете ги тиквичките со дебелина од 5-6 мм. Ставете ги парчињата на подготвеното тавче и посипете ги со сол. Наполнете го секое парче со 1/2 лажичка сос од домати и 1 лажичка моцарела. Печете околу 8 минути додека кашкавалот не се растопи.
Летен коктел:
- Парче краставица
- 1 гранче нане
- Неколку замрзнати бобинки
- 120 ml газирана вода од лимон
- Мраз
- За декорација повеќе замрзнати бобинки, сечкано овошје, парчиња краставица, нане, цитрус
Начин на подготовка:
Краставицата и гранчето нане исечкајте ги на ситни парчиња. Во мала тава ставете 200 мл вода да зоврие, а потоа додадете ги нането и краставицата. Исклучете го огнот и оставете 2 мин. Додадете мала количина замрзнати бобинки, оставете ги да се одмрзнат една минута, а потоа лесно издробете ги со задниот дел од лажицата. Процедете ја смесата.
Ова ќе се чува во фрижидер до 24 часа и ќе биде доволно за да се направат четири пијалоци. Истурете 40 мл од вашата процедена смеса во висока чаша. Додадете грст мраз и дополнете со 120 мл лимонада. Декорирајте со кое било сецкано овошје што го сакате или со уште замрзнати бобинки и листови нане. Нежно измешајте да се соедини.
МЕДИТЕРАНСКА ХУМУС САЛАТА (за 4 лица)
- 440 гр. хумус
- 4-6 листови зелена салата
- 2 чаши шери домати, на пола исечени
- 4 мини краставици
- 1/2 чаша фета сирење
- 1/2 чаша маслинки без семка
- 2 лажици маслиново масло
- 1 прстофат црвен пипер
- Свеж босилек
- Ореви (опционално)
- Сол и бибер, по вкус
Начин на подготовка:
На едниот крај од чинија за сервирање наредете листови зелена салата. Нанесете хумус на спротивната страна од чинијата. Во посебен сад измешајте ги доматите, краставиците, фетата и маслинките. Зачинете со 1 лажица маслиново масло, сол и бибер. Соединете се заедно. Прелијте ја преостанатата 1 лажица маслиново масло врз хумусот, додадете црвен
пипер и ореви. Украсете ја чинијата со свеж босилек.
Ладен чај од боровинки и нане
- 5 кесички чај од нане мента
- 140 гр боровинки
- 2 лажици кафеав шеќер
- Мраз
- Свежи листови нане
- Неколку парчиња лимон
Начин на подготовка:
Ставете ги кесичките чај во бокал и прелијте со 500 мл зовриена вода и оставете да се вари 5 минути. Во меѓувреме, ставете 100 гр боровинки во бокал, додадете го шеќерот и лесно издробете со крајот на сукало. Извадете ги кесичките чај од водата, прелијте го чајот врз боровинките и дополнете со уште 300 мл ладна вода. Додадете голема шака мраз за брзо да се излади. Додадете неколку листови свежо нане, неколку парчиња лимон и преостанатите боровинки. Складирајте го ледениот чај во шишиња.
За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јули 2022).