Фармацевти
Контакт

<< Назад

Летни вагинални инфекции

јуни 1, 2024

 



Во текот на летниот период уживаме во топлото време, покрај плажа, на базени, меѓутоа тоа е и период на зачестени вагинални инфекции поради што жените добиваат симптоматологија предизвикана од бактериски, вирусни, паразитарни и габични причинители, која бара посета кај гинеколог.

Најчесто засегнат е и уринарниот покрај гениталниот тракт.  Голем дел од овие инфекции се должат на зголемената сексуална активност во овој период.

Доколку се јави иритација, болка, чешање, печење при мокрење, зачестено мокрење, вагинален или уретрален исцедок, задолжителна е посета кај гинеколог, иако повеќето засегнати мислат дека се работи за обична кандидијаза.

При самиот преглед, по пат на земање микробиолошки брисови, евентуално ПАП-тест, може да се утврди за што всушност се работи и каква ќе биде насоката во терапијата за да се  елиминираат симптоматологијата и евентуалниот причинител.

Најчестата вагинална инфекција во текот на летниот период е кандидијазата, предизвикана од габичката Сandida Albicans, поради опаѓање на имунитетот и намалување на бактеријата Lactobacillus acidofilus, која е нормален жител и ја претставува здравата вагинална флора. Кога од која било причина се нарушува нормалниот вагинален баланс, доаѓа до намалување на лактобацилите, а за сметка на тоа зголемен раст на кандида.

Состојбите на имуносупресија или умунодефициенција, употреба на антибиотици, хуман папилома вирусот, како и гениталниот херпес вирус, состојба на дијабет, недоволен внес на течности (вода) и витамини, доведува до вагинална кандидијаза, која може да биде и сексуално пренослива.

Земањето хормонски (контрацептивни) пилули, како и покаченото ниво на естроген кај трудниците може да доведе до оваа состојба. Ненавременото јавување на гинеколог и отсуството на третман понекогаш може да доведе и до сериозни последици, дури до хоспитализација и инфертилитет, во зависност од типот на причинителот. Габичната инфекција од типот на Candida Albicans е лесно препознатлива по симптомите и изгледот на секретот, па честопати пациентките и на своја рака земаат антимикотици во вид на вагинални овули, креми и перорални капсули, како и пробиотици во тек на антибиотската терапија, како превенција. Но доколку постои сомнеж и нетипична симптоматологија, треба да се посети гинеколог.

Основни начела за превенција на летните вагинални инфекции

  1. Зголемување на имунитетот, како генерално така и локално, со употреба на имуномодула
    тори кои во себе содржат соеви на лактобацили.

  2. Употреба на витамини во вид на природни сокови и компримати што содржат витамин Ц.

  3. Носење лесна и памучна долна облека.

  4. Одбегнување употреба на шампони, како и парфимирани средства за вагина.

  5. Рестриктивна посета на базени со голема посетеност и со нерегуларен систем на филтрација, како и јавни бањи и тоалети.

  6. Да не се седи подолго во влажни костими за капење или на влажни крпи.

  7. Земање доволно течност и фреквентно уринирање.

  8. Користење презервативи.

  9. Нормалната Ph вредност во вагината е од 3,5 до 4,5, односно кисела, па затоа треба да се употребуваат препарати што содржат доволна количина лактобацили, кои се бедем во одбраната на вагиналната слузница со што се намалува можноста за пенетрација на патогени микроорганизми, како и зголемен раст на кандида.

  10. Во аптеките може да се најдат најразлични видови антимикотици, но најексплоатирани се Clotrimazole во вид на крема и овули и Polygyпах, кои можат да се подигнат и без рецепт.

  11. Од имуномодулаторите, односно од производите богати со лактобацили и бета глукани, најчесто употребувани се Vagisan I Zel Oxigen.

    За детално читање на овој текст, погледнете на 4 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2024).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>