Илија Жежов
Физиотерапевт
Центар за масажа и одржување на тело
ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ
|
Лимфата е телесна течност која се движи еднонасочно низ телото во лимфни садови.
Улогата на ткивната течност е да пренесува потребни материи на клетките.
Како што поминува лимфата помеѓу клетките таа ги собира преостанатите отпадни материи како: мртви крвни клетки, патогени, канцерогени итн. кои понатаму се исфрлаат од телото.
ЛИМФНАТА ДРЕНАЖА СЕ ПРИМЕНУВА КАЈ:
- Апликација и примена за отстранување целулит
- Дренажа за оток настанат од траума, тумор или оперативен зафат
- Дренажа за гноење како резултат на венски застој
- Дренажа за намалување на обемот на екстремитетите
- Зголемување крвна циркулација
- Олеснување мускулен замор и болка
- Ишијас
- Примена на дренажа за после породување и намалување на отоците
- Примена на дренажа по отстранување дојка
Кога лимфата или лимфните јазли ќе се оштетат, ќе се уништат или отстранат, лимфата не може нормално да се дренира од тоа подрачје.
Во тој случај вишокот на лимфа се акумулира и се појавува оток кој е карактеристичен за поимот лимф едем или лимфен оток.
Лимфната дренажа ја аплицира физиотерапевт сертифициран со специјална обука за лимфна дренажа.
Лимфната дренажа се применува во здравствени цели, а е призната како масажа број 1 од Светската здравствена организација.
Примена на лимфна дренажа по отстранување дојка
Третманот кој се изведува по отстранување дојка вклучува лимфна дренажа пропишана од физиотерапевт од 10 до 15, па некаде и до 21 ден терапија со масажа лимфна дренажа.
Дренирањето најчесто е во времетраење од 45 минути со 1 час.
Масажата се применува 3-4 пати во неделата.
Се работи со дренирање за намалување и отстранување на формираниот оток, како и за подобрување и нормализирање на циркулацијата.
Примена на лимфна дренажа за намалување отоци по породување
Примената на лимфната дренажа е во пакет и таа е индивидуална примена, а најчесто се аплицира на долните екстремитети поради формирани отоци од слабо движење.
Примената на дренажа кај овие лица се работи секојдневно во времетраење од 40 минути околу 10 третмани, сè до нормализирање на состојбата со екстремитетите.
Примена на лимфна дренажа за целулит
Целулитот е чест проблем, лимфната дренажа е најсоодветниот начин за негово отстранување.
Пакетот содржи најчесто 20 третмани во постапката на отстранување на целулитот.
Дренажата се работи со одреден притисок по лимфните патишта, така што на тој начин се доведува и до чистење на целулитот кој е формиран површински и длабински на мускулатурата.
По завршувањето на соодветните третмани со лимфна дренажа долните екстремитети треба да појават одлична добра форма, цврста и чиста мускулатура без масни наслаги.
Примена на лимфна дренажа при отоци настанати од траума, тумор или оперативен зафат
Примената на дренажата е да се работи по лимфните патишта.
Целта на третманот е да се отстрани отокот и да се воспостави нормална функционалност на крвотокот.
Третманите со ваква цел се индивидуални, физиотерапевтот одредува колку третмани се потребни за да биде успешно завршена дренажата.
Лимфна дренажа кај ишијас
Лимфната дренажа се применува за лекување ишијас.
Освен пропишаните медикаменти, физиотерапија и вежби, главна цел и улога во лекувањето е лимфната дренажа-масажа.
Постапката со дренирањето е да се отстрани болката, да се подобри циркулацијата и да се олеснат одредени функционални движења.
Лимфна дренажа за мускулни болки и замор
Лимфната дренажа овозможува отстранување на болката, подобра функционалност во движењето на крвотокот, добра цврста мускулатура, како и добра релаксација и опуштеност на телото.
За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2021).