Фармацевти
Контакт

<< Назад

Луѓето што живеат во дом за стари се посреќни и им се продолжува животниот век

јуни 1, 2022


Иконија Николовска
Дипломиран социјален работник
Дом за стари лица - ПЕЛА МЕД


Установите за нега и грижа на стари лица се карактеризираат со специфични пристапи, форми и содржини, кои се реализираат преку соодветни фази на третмани со оваа популација. Социјалниот работник во установата ја реализира стручната работа со корисниците, пред сè, од подрачјето на социјалната заштита, воден од принципот на транспарентност, почитување на правата на корисниците и нивните семејства, чување професионална тајна, како и здравствената состојба и др.

Социјалниот работник прави првична процена. Процесот на оваа процена, иако се базира на темелни пристапи, сепак кај старите лица, поради брзите промени во менталниот и физичкиот капацитет, честопати не се дефинитивни и нe наведуваат на почести проверки и дијагностицирања.
Во таа насока се подразбира и почитувањето на нивните желби и интереси како носечки елементи во насочувањето на капацитетите за комуникација. За да може да ги вклучи во секојдневните активности, социјалниот работник настојува да направи успешна процена на капацитетот на личноста на старите лица, како и на состојбата во која тие се наоѓаат, со цел да се согледа кои активности реално може да се реализираат и остварат.

Социјализацијата е најважниот сегмент за виталност и стабилна психофизичка состојба на лицата од третата доба.
Основното емоционално оптоварување на живеењето сам е осаменоста. Социјализацијата и бенефитот од сместување во дом за нега и грижа е од непроценлива важност.

Дури и старите што живеат со семејството се отстранети од редовна и секојдневна социјализација со своите врсници. Во установите за нега и грижа на стари лица времето постојано е исполнето со забавни, организирани настани за да се поттикне силна социјална мрежа, а учеството во такви активности е докажано дека ја спречува депресијта кај постарите возрасни лица и им нуди и други севкупни здравствени придобивки.

Сместувањето во дом за нега и грижа исто така нуди и атмосфера на поактивен и позитивен живот, стимулирање ментална ангажираност, одржување стабилна самодоверба и физичка активност.
Работните задачи на социјалниот работник не се насочени само кон непосредна грижа за корисниците, туку ја опфаќаат и соработката со соодветните стручни служби, семејствата или старателите на корисниците, невладините организации и други социјално регистрирани здруженија.
Од големо значение за сите стари лица сместени во установата, а пред сè на интровертните кај кои доминира чувството на осаменост, се програмските ангажмани насочени кон варијантите на непосредна соработка со поттикнување на нивните комуникациски квалитети.

Социјалната работа како основа во процесот на згрижување, во зависност од Законот за социјалната заштита, се базира на изнаоѓање и реализирање непосредни содржини за можна комуникација во изградување на чувството на прифаќање и квалитетен престој. Основните методски постапки се базираат на разговор, следење, да го забележува, почитува и следи корисникот, како и неговите потреби, да го гледа, набљудува, одговара, да го погоди моментот кога тоа лице сака да си ја отвори душата, проследено со трпеливост и поддршка.

 

За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>