|
Скокови, вртења и елегантни движења кои се секогаш добредојдени за нашите очи. Да одиме од другата страна на приказната и да зализгаме на ледот. Што е она кое го прави овој спорт толку интересен и актуелен?
За некои, уметничкото лизгање е веројатно само хоби, но она што многумина не го знаат е дека овој спорт има многу придобивки за вашето здравје. Стабилноста, контролата и силата вклучена во уметничкото лизгање, дали професионално или рекреативно, се клучни елементи кои оваа активност ја прават забавна и здрава за сите возрасти.
Зошто?
- Подобра рамнотежа: Уметничкото лизгање помага во подобрување на рамнотежата преку забавни и динамични вежби. Танцот на лизгава површина би требало брзо да ве научи како да останете на нозе.
- Ја подобрува флексибилноста на зглобовите: Ако зглобовите на нозете ви крцкаат секој пат кога ќе станете од креветот наутро, лизгањето на мраз може да понуди вистинско решение. Со помош на брзите движења на нозете, ќе ги засилите зглобовите и ќе се чувствувате повеќе флексибилни.
- Ги развива мускули на нозете: Фокусирајќи се на движењата со долниот дел од телото, уметничкото лизгање нуди одлична вежба за мускулите на нозете и развивање на истите.
- Кардио: Уметничкото лизгање овозможува одлично аеробно вежбање кое е важен фактор за кардиоваскуларното здравје. Најдобриот дел од уметничко лизгање е тоа што ќе ви даде одличен кардио тренинг, дури и без тоа да го знаете.
- Издржливост: Уметничкото лизгање бара енергија за подолг временски период, што го прави одличен начин да се изгради вашата издржливост. Колку подолго ќе лизгате, толку повеќе ќе ја подобрите вашата издржливост.
- Балансирање на тежината: Одлична можност за да согорите некоја калорија повеќе! Во зависност од самата динамика, со уметничкото лизгање се согоруваат од 300 до 650 калории на час.
- Отстранување на стресот: Редовната физичка активност како уметничкото лизгање може да помогне во борбата против негативните влијанија на стресот.
- Ги подобрува зглобовите: Преку лизгање и синхронизирано движење на нозете, зглобовите и мускулите ќе добијат одличен тренинг и ќе бидат повеќе флексибилни. Се вели дека лизгањето е покорисно од возење велосипед и трчање. Со уметничкото лизгање функционира скоро секоја главна мускулна група во телото, вклучително и зглобовите.
Ретко познати факти за лизгањето на мраз:
- Во минатото лизгалките биле направени од животински коски со цел луѓето да се движат преку замрзнатите езера, наместо да кружат околу нив. Тоа би значело дека пред да се претвори во спорт, уметничкото лизгање претставувало практична форма за транспорт.
- Всушност ова е еден од најстарите зимски спортови.
- Музичката композиција на која настапуваат спортистите не смее да има вокална придружба.
- Дали сте се запрашале како овие спортисти можат да ја издржат навидум невозможната брзина, постигната кога извршуваат скок во вртење? На повеќе од 300 вртежи во минута (РПМ), уметничките лизгачи доживуваат исто толку РПМ колку и астронаутите во нивната обука за центрифуга.
- Се согоруваат 374 калории за еден час - лизгање со бавна брзина, додека со брзо лизгање можат да се согорат дури 1022 калории.
За малата принцеза или храбриот суперхерој
Секое девојче би сакало да изгледа како ледена принцеза, која ја има целата слобода на светот додека лизга и секое момче ќе сака да изгледа како кул суперхерој, кој умее да ги покаже своите споспобности. Навидум лесниот спорт воопшто не е како што изгледа и бара многу издржливост и упорност. Замислувајки го своето дете како дел од средина во која ќе му биде ладно, ќе паѓа, ќе се повредува и доколку се бави со овој спорт активно, ќе треба да станува рано наутро пред сите свои врсници, нормално е да се двоумите. Но запомнете дека ова може да биде одличен избор за вашето дете, бидејки истото делува прекрасно на респираторниот систем, создава добро држење и движење на телото, го зајакнува целокупното здравје и го развива уметничкиот сенс на детето.
Самодовербата и духовната исполнетост се уште неколку придобивки, покрај она што вашето дете ќе научи да поставува цели, да управува со стресот и да учи ‘под притисок’. Без паѓање, нема станување, затоа размислете на опциите што ги нуди општеството и вашето опкружување и дозволете си детето своите неуспеси, да ги претвори во успеси. Покрај физичките промени, ќе ги забележите и промените во социјалниот живот на вашето дете. Верувајте во моќта на дисциплината и ќе видите дека дружењето при бавење со ваков вид на тежок спорт ќе го доближи до основање на здрави пријателски врски.
Решете ги тешкотиите со фокусирањето. При најмалото невнимание за време на лизгањето, вашето дете ќе заврши на подот, затоа детето несвесно ја развива својата концентрација на забавен начин. Како и медитацијата, уметничкото лизгање прави да се исклучите од влијанијата околу вас. За паѓањето, не грижете се, со цел да се минимизира потенцијалната повреда и тоа се учи. Децата се поблиску до подот од вас, затоа падот најчесто не ги плаши.
Доколку ве убедивме, ова е потребната опрема за да се намалат повредите:
- Шлем – Особено во почетничка фаза, ова е еден од најважните фактори за заштита од лош пад.
- Лизгалки – Уверете се дека лизгалките се вклопуваат правилно и дека се точни, со што ќе ги заштитите зглобовите.
- Штитници за колена и лакт – Во случај на пад, ќе ги заштитите колената и лактовите на вашето дете.
- Ракавици – Не само што ќе ве заштитат од ладното време, ракавиците можат да помогнат и при повреда на прстите.
За детално читање на овој текст, погледнете на 28-29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2019).