|
Магнезиумот често нарекуван „најженскиот елемент“ e меѓу еден од најценетите микроелементи за време на бременост, одговорен за растежот и развитокот на плодот во сите негови етапи. Доволните количини во организмот можат да го направат износувањето на бременоста полесно, а од друга страна неговиот дефицит може да доведе до тешка бременост со последици врз здравјето на мајката и бебето.
Една од основните улоги за време на бременост е врз мускулите, од една страна кај мајката ги намалува спазмите и болките од натоварувањето на мускулите во цело тело, коишто се значително и сериозно отежнати во понапредната бременост. Од него зависи работата на нервниот систем, бидејќи тој има функција на посредник помеѓу нервите и мускулите и ги пренесува импулсите меѓу нив, така да тој го олеснува свивањето и опуштањето на мускулите при движењето на бремените (ги намалува крампите во нозете) и помага за правилно изградување на мускулниот скелет кај бебето. Од друга страна тој е елемент, кој влијае на интензитетот и силата на контракциите кон крајот на бременоста.
Магнезиумот исто помага во изградувањето на здрави коски и заби, го регулира нивото на инсулин во крвта и нивото на гликемија во крвта и помага на редица ензими во нивната функција. Ефект има во правилното функционирање на дигестивниот тракт со пониско ниво на констипација и помош при исфрлување на непотребните материи.
Спокојството на мајката зависи од количините на магнезиум во организмот, од една страна регулирајќи го крвниот притисок, намалувајќи ги главоболките и гадењето, а од друга неговото смирувачко дејство, намалувајќи го стресот и безсонието. Затоа и се вели дека новородените деца со добар и спокоен сон го должат тоа на мајките што примале доволни количини магнезиум за време на бременост.
Кои се први знаци на недостиг на магнезиум?
Еден од првите симптоми се мускулните спазми и болки во стомакот, понекогаш може и да се почувствуваат и како мускулни фасцикулации на вратот, рамениците и грбот, главоболка, гадење, треперење, срцебиење или аритмија, тешко заспивање, неспокоен сон, исцрпеност и општо нерасположение.
Што може да се случи при негов дефицит ?
Негов дефицит може да биде причина за спонтан аборт или за предвремено породување, висок ризик од прееклампсија во бременост(состојба опасна како за мајката така и за бебето), проблеми со растежот на плодот (недоволно развиени мускули и органи, ниска тежина и др) .
Затоа при такви опасности се додава магнезиум како суплемент, а кај тежок дефицит дури и како парентерална терапија со магнезиум сулфат.
Овој минерал не се произведува сам од човековиот организам, тој може да биде набавен единствено со храната или како суплемент.
Тој се открива во многу продукти кои што ги конзумираме, а помеѓу нив темнолисните зеленчуци, зрнести плодови, семиња, полнозрнести храни, темното чоколадо (најпосакуваното искушение во бременоста), исто се препорачува и прием на риба освен како извор на магнезиум, исто и извор на важните Омега-3 масни киселини.
Треба да се напомене дека и при балансирано дневно мени може да дојде до дефицит, затоа е добро да се комбинира со прием на суплементи.
Нормата на магнезиум во крвта на жените кои не се бремени или доилки е 0,66-0,99 ммол/л.
Бремените и доилките имаат повисоки потреби од магнезиум. Со напредување на бременоста тие се зголемуваат, а причината е во тоа е дека хормонот естроген води до зголемено исфрлање на минералот преку урината приближно со 25%, така да нормата кај нив е 0,8-1,05ммол/л.
Препораките за прием на дополнително магнезиум за сите идни мајки е :
-под 18 год. - 400мг/ден,- меѓу 19 - 30 год. - 350мг/ден ,-над 31 год. - 360мг/ден,
а за доилки под 18 год. - 360мг/ден,меѓу 19-30 год.- 310мг/ден,над 31 год.- 320мг/ден.
Уште нешто за жената!
На жените се препорачува да земаат суплемент со магнезиум не само за време на бременост и доење, но и кога примаат орална контрацептивна терапија или страдаат од предменструален синдром со силни болки. Контрацептивите ги зголемуваат значително потребите на организмот од магнезиум, а при болки во стомакот за време на менструален циклус магнезиумот има релаксирачко дејство.
Магнезиумот има значење во регулирањето на водниот баланс во организмот, а неговиот недостиг може да доведе до задршка на вода кое е чест проблем во менопауза.
Тој ја регулира и телесната температура, а жените со недостаток на истиот се повеќе чувствителни на студ.
За детално читање на овој текст, погледнете на 22-23 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈАНУАРИ 2020).