Фармацевти
Контакт

<< Назад

Македонско девојче по светските модни писти! Ексклузивно интервју со Катарина Ивановска

декември 1, 2023



Betty: Која е твојата прва ревија?
Катарина: Мојата прва ревија ми е најдрага затоа што бев ексклузивно лице за „Гучи“. Тоа значи дека во Милано не смеев да работам за никој друг освен за „Гучи“.

Betty: Кога првпат пројави желба за манекенските води?
Катарина: Да бидам искрена, никогаш не ми било сон да бидам манекенка, но ми било пишано.

Betty: Раскажни ни за твојата интернационална кариера, каде, кога и како работеше?
Катарина: Мајка ми ми раскажуваше дека првпат ме забележале кога сум имала 5 години и ја прашале дали сакам да се зачленам во некое модно детско студио, а јас категорично сум рекла да. На 16 години победив на изборот „Лук модел срч“ на интернационално ниво. По неколку години станав дел од една од најдобрите светски агенции „Вомен“.

Живеев и работев во Њујорк и од таму по потреба патував за ревии и фотосесии. Бев фотографирана за „Вог“, „Ел“, „Гламур“, „Иди“, кампањи за „Долче & Кабана“, „Валентино“, „Диор“, „Бенетон“, „Јамамеј“, „Вомен сикретс“, „Викторија сикрет“, „Ралф Лорен“, а ревии буквално за сите модни креатори.

Betty: Дали има посебна тајна за изгледот, што спортувате и колку често?
Катарина: Немам посебна тајна за изгледот. Водење здрав живот и грижа за моето тело, редовно вежбам и со годините повеќе внимавам што јадам и колку јадам. Трипати неделно посетувам вежбалница, но правам вежби само со сопствена тежина и еднаш до двапати неделно играм тенис. Кога е убаво времето трчам на кеј.

Betty: Вие бевте и извидник, дали сè уште одржувате контакти со извидниците и дали ги посетувате?
Катарина: Најубавите спомени од детството ми се поврзани со извидници. Освен со Ана Стојановска, која ми е другарка од пелени, не се дружам интензивно со никого друг. Ви благодарам што ме потсетивте, можеби треба да си го посетам мојот одред „Галеб“!

Betty: Дали имаш посебен режим на исхрана?
Катарина: Не е режим затоа што зборовите режим, забрана, рок за нешто не ги сакам. Отсекогаш сум се хранела здраво и никогаш не сум имала проблем во врска со храната.

Betty: Што сè Катерина Ивановска прави?
Катарина: Катерина е мајка на две деца и секојдневно ужива со нив и во нивното растење. Во последно време ретко имам ангажмани, што значи дека сега можам почесто да патувам, не сама туку и со моите деца.

Betty: Дали консумирате додатоци во исхраната?
Катарина: Не, не користам додатоци во исхраната затоа што доволно внесувам зеленчук, овошје и протеини.

Betty: Како гледате на македонската жена, каде заостанува со негата и исхраната во споредба со светот?
Катарина: Не можам и не сакам да генерализирам. Секоја жена се грижи колку може и колку има време и услови. Верувајте дека сите сакаме да изгледаме беспрекорно.

Betty: Кој ви е омилен моден креатор, дали сте работеле за него и што е тоа што најмногу ви се допаднало?
Катарина: Александар Ванг, за жал никогаш не сум работела за него. Ми се доапаѓа урбаноста во неговите креации.

Betty: Дали би сакала ќеркичката да ги следи твоите стапки? Со оглед дека е убава на мама.
Катарина: Не сакам ништо да им наметнувам на моите деца. Сега моментално оди на балет, а колку ќе трае, ќе видиме. Но едно можам да потврдам, во карактерот е на мене. Не знам дали да се радувам или не.

Betty: Да расчистиме уште една заблуда, моделите имаат ограничена кариера врзана со годините – дали ова важи само кај нас?! Илјадници жени стареат како виното и сѐ уште заработуваат милиони. Како ја замислуваш твојата кариера во иднина и дали размислуваш за споредна професионална ориентација?
Катарина: Точно е дека има лимит во мојата професија, но тој лимит во денешниот моден свет е растеглив и зависи од изгледот и можностите на моделот. Јас денес, по враќањето од Њујорк, сум исклучиво фотомодел и со комбинацијата на класичен и атлетски изглед сѐ уште добивам работа.
Истата, поради родителството, е со намален интензитет, но и самата индустрија многу бргу се менува станувајќи дигитална и валоризирана од следбеници на Инстаграм. Бидејќи не се соочувам со притисокот со кој младите манекенки се соочуваат, работам, буквално, од силата на моето професионално искуство за кампањи каде е потребна таканаречена безвременска убавина и истата не подлегнува многу на трендовите и популарноста.

Инаку, немам желба за бесконечно присуство така што не верувам дека за потребите на мојата работа во иднина ќе применувам пластична хирургија за да задржам некаков младешки изглед. Модната индустрија денес е фокусирана и на возрасните жени, и тие имаат огромна палета на модни брендови и козметика кои бараат класична убавина.

Тоа од што никогаш нема да се откажам е да ја искористам мојата појава за квалитетни промени во општеството и секогаш да бидам глас на тие кои на каков било начин се обесправени или загрозени.

Сакам мојот син и ќерка да растат среќно, во средина каде што ќе може да се изградат во убави личности, полни со љубов, разбирање и толеранција. Не сакам моите деца да бидат тие кои ќе сонуваат да се иселат.

За детално читање на овој текст, погледнете на 10-13 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Декември 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>