Фармацевти
Контакт

<< Назад

Мали совети и тајни за здрав и сјаен изглед на вашата коса

март 3, 2025

Во современото брзо темпо на живот, грижата за косата често е запоставена. Сепак, нејзиниот изглед и здравје играат клучна улога во самодовербата и општиот изглед на секој човек.

Со мали тајни, малку труд и посета на фризер, секоја жена може да има коса каква што посакува.
Во оваа статија ќе ви откриеме практични совети за правилна нега на косата, како да ја вратите во најдобра форма по студените зимски денови и како да ја пречекате пролетта со здрава коса.
Зимата е период кога косата е изложена на екстремни услови – студени температури, сув и загаден воздух. Во денешно време загадувањето е сè поголемо, затоа оштетувањето на косата е зголемено. Исто така честото носење капи ја оштетува косата. Но од друга страна пролетта носи други предизвици, како што се влажноста, ветерот и УВ-зраците.
Овие фактори можат да ја направат косата кршлива, сува и безживотна, а со самото тоа да ни се намали и самодовербата. Затоа е важно да ѝпосветите посебно внимание и да примените посебни рутини за нега на косата, рутини кои треба да ви претставуваат задоволство и мало бегство од секојдневните обврски.
Еве неколку рутини со кои ќе можете да ја оживеете вашата коса по зимскиот период и да го вратите нејзиниот сјај.

Хидратација
Студениот, но и загаден воздух ги суши косата и кожата на главата. За да ја одржите косата хидрирана треба да се користат шампони и балсами кои содржат природни состојки како арганово масло, кокосово масло, алое вера, шеа путер и друго, во кои не се присутни сулфати и парабени.
Посебно ми предизвикува задоволство што и кај нас професионалната козметика за коса наменета за професионална употреба е без парабени, сулфати и силикони.
Треба да се нанесуваат длабински хидратантни маски барем еднаш неделно, за да ја нахраните косата и да ја направите поотпорна и заштитена од суровите временски услови. Избегнувајте топлотни уреди, пегли, фигара и друго, зошто тие дополнително ја сушат косата, посебно при неправилно користење на истите. Затоа препуштете го тоа на професионалец, односно можете и да побарате совет од вашиот фризер за нивно правилно користење, да ви дадат инструкции како и на кој начин да се користат во домашни услови. Кога сте во можност, оставете ја косата да се суши природно. Но, доколку мора да користите фен или каков било топлотен апарат, нанесете заштитен спреј за топлина пред да почнете.
Совет за миење коса
Честото носење капи може да предизвика триење, што води до оштетување и електризирање на косата, затоа може да изберете капи со внатрешност од свила или сатен за да го намалите оштетувањето. Косата не треба да се мие премногу често. Најдобро е да изберете шампон кој одговара на вашиот тип коса, односно сува, мрсна или нормална. Честото миење може да ја отстрани природната маснотија што ја штити косата. Обидете се да ја миете косата 2-3 пати неделно и користете сув шампон за да го одржите свежиот изглед помеѓу миењата. Изберете природни производи, органски шампони и балсами без сулфати и парабени. Овие производи се поблаги за скалпот и помалку го иритираат.

Внимавајте на исхраната
Здравата коса започнува однатре. Консумирајте храна богата со витамини А, Ц, Д, Е, цинк, селен, биотин, како и омега-3 масни киселини и протеини. Овие нутриенти помагаат за раст и одржување на косата. Скалпот нека биде негуван, бидејќи сувиот и студен воздух може да предизвика појава на сув скалп и првут. Користете масла и повремено пилинг на скалпот, за да ја одржите кожата хидрирана и здрава.
Професоинални третмани
Покрај домашната нега, правете редовно третмани кај вашиот фризер. Тие ќе го одржуваат здравјето на вашата коса и ќе ви бидат од голема помош за понатамошно домашно третирање на косата. Избегнувајте премногу топла вода. Топлата вода може дополнително да ја исуши косата и скалпот. Миењето со млака или ладна вода ќе помогне во затворање на кутикулите и ќе ја задржи влагата, а со самото тоа косата ќе остане хидрирана и полна со живот. Ако забележите дека косата е екстремно оштетена, консултирајте се со фризерот за професионални третмани како што се протеински, кератински или третман за хидратација на косата.
Со започнување на пролетта, краевите на косата најмногу страдаат. Затоа редовно потстрижувајте ги врвовите и нанесувајте серуми или масла за да спречите пукање.
Вложете време во хидратација, заштита и храна за вашата коса и дочекајте ја пролетта со спремна коса за експерименти како што се балајаж или нијансирање на косата, ќе забележите позитивна разлика. Со правилна нега, косата може да биде сјајна и здрава дури и по зимскиот период.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>