Фармацевти
Контакт

<< Назад

Масло од црн доб од ајкула – придобивки врз имунолошкиот систем

октомври 1, 2021

Кирил Пецевски
м-р по фармација

|

okt 2021

Маслото од црн дроб од ајкула стотици години се користи како традиционален лек во Норвешка и Шведска. Се користи за лекување  рани и како лек за болести на респираторниот тракт и дигестивниот систем. Забележана е и употреба на маслото за т.н. „болест на жлездите“, што е веројатно народно име за лимфаденопатија. Употребата на масло од црн дроб од ајкула е присутна и во народната медицина на други земји (Шпанија, Јапонија, Кина). Во 1922 година научниците терапевтски ја изолирале  активната компонента од масло од црн дроб од ајкула и ја нарекле алкилглицерол, а во 1930 година кандидатот за Нобелова награда сер Роберт Робинсон за прв пат синтетизира алкилглицероли. Во 1952 година младата шведска докторка Астрид Брулт открила дека коскената срж на кравата го стимулира производството на леукоцити кај деца со леукемија. Подоцна беше откриено дека „стимулирачките фактори“ се, всушност, самите алкилглицероли. Во текот на следните педесет години лековитото дејство на алкилглицеролите беше потврдено во многу студии.

По структура алкилглицеролите се алкил естри на глицерол (липиди на глицерол-етер). Во природни извори, маслото од црн дроб од ајкула е секогаш естерифицирано со масни киселини. Покрај алкилглицероли, маслото од црн дроб од ајкула содржи и сквалени, витамини А и Д, естри на масни киселини, естри на глицерол, триглицериди, холестерол и масни киселини. Алкилглицеролите  инаку се наоѓаат и во мајчиното млеко и се клучна супстанција која им дава имунитет на бебињата против инфекции и им помага дополнително да го изградат својот имунолошки систем. Кравјото млеко содржи и алкилглицероли, но во количини до 10 пати помалку отколку во мајчиното млеко. Сепак, маслото од црн дроб од ајкула содржи и 1.000 пати повеќе алкилглицероли отколку мајчиното млеко.

Алкилглицеролите се наоѓаат во сите хематопоетски органи на цицачите, додека ги нема кај растенијата. Кај луѓето, тие се наоѓаат во повисоки концентрации во млекото, коскената срцевина, црниот дроб и слезината. Највисоката концентрација на алкилглицерол во природата се наоѓа во маслото од црн дроб од ајкула.

Ин витро и студии на животни континуирано покажаа дека дури и мали дози на алкилглицерол од масло од црн дроб од ајкула значително ја зголемуваат способноста на макрофагите да ја оневозможат активноста на патогенот. Покрај тоа, познато е дека алкилглицеролите ја зголемуваат концентрацијата на неутрофили кои го штитат телото од бактериски и габични инфекции. Оралниот внес на масло од црн дроб од ајкула, исто така, се покажа како ефикасно средство за зголемување на производството на имуноглобулини (антитела). Клиничките испитувања врз луѓе го потврдуваат и дополнително го разјаснуваат она што во народната медицина одамна се знаело – силниот имуностимулациски ефект. Дефинитивно, земањето масло од црн дроб од ајкула во високи дози обезбедува заштита од бактериски, вирусни и габични инфекции. Поради способноста на алкилглицеролите да го регулираат имунитетот, тие, исто така, може да бидат корисни во третманот на атопичен дерматитис.

Способноста на маслото од црн дроб од ајкула да го активира имунолошкиот систем има и дополнителни придобивки. Особено се знае дека стимулацијата на активноста на макрофагите е од суштинско значење при борбата со туморите. Иако се потребни дополнителни човечки студии за да се потврди антитуморскиот ефект, досегашните наоди укажуваат на потенцијалната клиничка важност на маслото од црн дроб од ајкула како дополнителна терапија за рак.

Студиите, исто така, покажуваат ветувачки резултати во областа на плодноста кај мажите, каде што земањето масло од црн дроб од ајкула доведува до зголемена подвижност на спермата и плодност.

РЕЗИМЕ НА ЕФЕКТИТЕ НА АЛКИЛГЛИЦЕРОЛ:

Инаку, се работи за апсолутно безбеден додаток во исхраната, без никакви несакани реакции. Лабораториските студии кај животните во дози 100 и 200 пати повисоки од препорачаната максимална дневна доза за луѓе (1500 mg масло = 240 mg алкилглицероли) не предизвикале несакани ефекти или зголемена смртност.

За детално читање на овој текст, погледнете на 6-7 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ОКТОМВРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>