МАСТОИДИТИСОТ е бактериска инфекција на слепоочната коска која се наоѓа зад увото, позната уште како мастоидна апофиза, и претставува ретка компликација од воспаление на средното уво.
МАСТОИДНАТА ИНФЕКЦИЈА најчесто е предизвикана од пневмококни бактерии и може да предизвика сериозни последици, односно да доведе до глувост, инфекција на крвта (сепса), инфекција на мозочните обвивки (менингитис), мозочен апсцес, па дури и смрт. Симптомите на мастоидитис обично се појавуваат во рок од неколку дена до неколку недели по развојот на воспаление на средното уво. Бактериите влегуваат од носот и преку средното уво се пренесуваат до мастоидните клетки. На местото каде што е мастоидитисот на кожата се гледаат промени, таа отекува, станува црвена, а ушната школка се наклoнува. Пациентот може да чувствува треска, пулсирачка болка околу и внатре во увото, да има обилен густ исцедок и да дојде до влошување на слухот. Кај поголем број од пациентите со мастоидитис веднаш им се дава антибиотик. Најправилно е да се земе брис со цел да се одреди која бактерија е причинител и кој антибиотик треба да се употреби за мастоидитисот да се лекува. Антибиотската терапија треба да продолжи две седмици.Доколку дојде до дополнителна компликација апцес на коската, потребно е хируршко отстранување.
МАСТОИДИТИСОТ е сериозна состојба која можеме да ја превенираме да не се случи, со редовни контроли кај оториноларинголог, реагирање и соодветен третман при сите инфекции на горнореспираторниот систем. Конгестијата која не е третирана може да доведе до развој на бактериска инфекција. Со таа цел потребно е да се прави испирање на носот и да се користи деконгестив од генериката ксилометазолин или ксилометазолин со хијалуронска киселина. На тој начин го подобруваме сопственото здравје и целокупниот квалитет на живот.
Д-Р ЗОРИЦА ДАФКОВ специјалист по семејна медицина ПЗУ „Целзиус Нова” - Кавадарци
МОНОНУКЛЕОЗА е инфективно вирусно воспаление кое е уште познато и како „болест на првиот бакнеж", најчесто е предизвикано од вирусот Епштејн Бар и е најраспространето кај тинејџерската популација. Неретко се срекава и кај децата, но често се прележува недијагностицирано. Инфицирањето настанува при бакнување, при користење ист прибор, исти чаши, лични предмети или контакт со телесни течности од инфицирано лице. По инфекцијата вирусот се наоґа во сите телесни течности, но најмногу во плунката. Овој вирус долго се одржува во човековиот организам, при што може да остави неповратни последици на повеке органи и системи.
МОНОНУКЛЕОЗАТА започнува со симптоми на вирусна инфекција, се јавува зголемена температура, која во првите денови може да е околу 37-38℃, а потоа да се зголеми и над 39С. Се јавува и општа слабост, со мускулни болки и болки во зглобовите. Постепено отекување на крајниците и на регионалните лимфни жлезди на вратот, околу вратот и аксиларно. Состојбата на тонзилите може да се влоши до загнојување, појава на лакуни и гнојни колекции во нив. Првите денови се појавува назална конгестија (затнат нос), исто така и хепатоспленомегалија, односно зголемување на црниот дроб и на слезенката, а може да се јави главоболка и кожен осип. Крвната слика покажува зголемени моноцити, леукоцити и лимфоцити. Често е придружено со повишено ЦРП и зголемени црнодробни ензими - трансаминази. Најдобро е навремено откривање на инфекцијата, со што би се спречиле компликациите. Третманот е со високи дози витамини, мултивитамини и б-комплекс, парацетамол, аеросоли против болка за грло, деконгестиви за нос.
Назалната конгестија (затнат нос) може да се лекува со хипертоничен раствор со кој ке се прочисти носот и за да се намалат симптомите и да му помогнете на организмот потребно е да користите лек без рецепт за одзатнување на носот од генериката ксилометазолин или клисометазолин со хијалуронска киселина, дополнителна нега и навлажнување на слузокожата. Доколку веке е развиена ангина на крајниците, тогаш во лекувањето се вклучува и антибиотска терапија. Доколку е зголемена слезенката и има покачени хепатални ензими, се користат хепатопротектори, имуномодулатори и специјална диета (нискомаслени млечни производи, варено месо, риба, морски плодови, зеленчуци, салати, овошје, растително пире и слично). Лекувањето може да трае во период од една до неколку недели, а следењето на пациентот треба да се спроведува до шест месеци.
Д-Р ЕЛИЦА РЕСАВСКА-МИЦЕВА, специјалист по семејна медицина ПЗУ „Целзиус Нова” - Кавадарци