Фармацевти
Контакт

<< Назад

Мача – кралица на антиоксидансите

ноември 1, 2021

|



Додека зелениот чај е веќе доста позната ставка во здравиот начин на живот, нешто посветло го привлекува вниманието на љубителите на чај: мачата. Еве што треба да знаете во врска со овој здрав пијалак.

Што е мача?

Мача е ситно мелен прав од специјално одгледувани лисја за зелен чај. Традиционално се консумира во источна Азија. За да се произведе, се користат растенијата од зелен чај кои се одгледувани во сенка три до четири недели. Им се отстрануваат жилите и корењата пред да се процесираат. Буквално зборот мача значи „чај во прав“. Кога нарачувате зелен чај компонентите од лисјата се ставаат во топла вода, а потоа се вадат и се фрлаат. Со мача, ги пиете самите лисја кои се во ситна прашкаста форма направени како раствор.

Како да направите мача чај?

Се препорачува да се стави една кафена лажичка од мача прашокот за 100 мл топла течност, вода или млеко. Потребно е убаво да се промеша сè додека не се раствори убаво. Прашокот многу лесно се згрутчува, затоа е убаво  и пред да го ставите во чаша да го просеете. Може да уживате во чајот од мача директно од садот.

ридобивки од чајот од мача

Студиите го поврзуваат зелениот чај со различни здравствени придобивки, како помагање во спречување  срцеви заболувања, дијабетес, па дури и поттикнување губење тежина. Мача, како и другите зелени чаеви,  содржи концентрирана количина на антиоксиданти, кои може да го намалат оштетувањето на клетките.

Освен како чај, мачата може да ја најдете и во форма на прелив, арома што се користи во чоколади, бонбони и десерти од западен стил, сладолед, замрзнат јогурт со мача и како додаток за храна.

Овој пијалак со убава боја за брзо време се рашири како тренд низ целиот свет. Вашето тело ќе ви биде благодарно доколку пиете чај од мача еднаш дневно. Лесен е за подготовка и уште полесно може да стане дел од вашето секојдневие.

За детално читање на овој текст, погледнете на 33 стр. во електронското издание на BETTY магазин (НОЕМВРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>