Фармацевти
Контакт

<< Назад

Мајчино млеко и придобивките од него

август 1, 2021

Д-р Драгана Емел Маркоска
спец. педијатар
ПЗУ Старс Медика

|

август 2021

Доењето е најздравиот  и најдобриот почеток на исхрана кој може да му го овозможите на вашето бебе. Се препорачува доколку се мајките во можност да се спроведува ЕКСКЛУЗИВНО доење, т.е. во првите шест месеци  бебињата да бидат само на доење.

Предностите на доењето се:

СОЗДАВАЊЕТО НА МЛЕКОТО се одвива во три фази

  1. МАМОГЕНЕЗА е фазата која започнува уште во бременоста каде под влијание на хормоните кои се излачуваат започнува растот и развојот на млечните жлезди. Се смета дека уште во 16. гестациска недела може да започне создавањето колострум.

  2. ЛАКТОГЕНЕЗА е втората фаза или фазата кога започнува синтезата и секрецијата на мајчино млеко. Започнува некаде околу 12. недела пред терминско породување и трае во првите недели од пуерпериумот.

  3. ГАЛАКТОГЕНЕЗА е третата фаза која, всушност, е процес на долготрајно одржување на синтезата, секрецијата и отпуштањето на млекото од дојката.


ХОРМОНИ ОДГОВОРНИ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ НА МАЈЧИНОТО МЛЕКО

Главни хормони кои се одговорни за создавање и излачување на мајчиното млеко, како и за одржување на лактацијата, се пролактин и окситоцин. Тие два хормона учестувуваат во процесот на отпуштање на млекото. Пролактинот дејствува на млечните жлезди и предизвикува создавање на млекото, додека окситоцинот е одговорен за испуштање на млекото. Освен хормоните, постојат и други фактори кои се смета дека влијаат на количеството на млеко кое мајката го излачува.











ПОТТИКНУВААТ РЕФЛЕКС КОЧАТ РЕФЛЕКС
Цицање на детето

Надразнување на брадавиците

Детскиот плач

Поглед кон детето

Топлина

Психичка стабилност
Страв

Умор

Грижи

Исцрпеност

Ладно

Болка

Пушење

Алкохол

Секрецијата на млекото во првите денови не надминува  50 мл колострум. Од 4 до 14 ден се зголемува на 50-100мл дневно, а после втората недела од доењето дојките се во состојба да произведуваат од 800 до 1000 мл млеко дневно.

Само како забелешка до идните мајки ВООПШТО не треба да се фокусираат на тоа колку милилитри млеко  произвеле градите. Тие треба да си го гледаат бебето, дали е тоа задоволно, наспано, дали уредно уринира и фецесира, да ја видат бојата на изметот. Најчесто градите произведуваат онолку млеко колку што им се дневните потреби на доенчињата. Дали е тоа доволно млеко за доенчињата, ќе каже прирастот во телесната тежина. Не треба мајките да купуваат ваги за да ги мерат бебињата постојано, контролата на телесната тежина треба да се прави во педијатриски ординации или во советувалишта за здрави деца. Педијатарот е тој што одредува дали и колку има потреба од дополнителна храна, т.е. адаптирано млеко.

ВАРИЈАЦИИ ВО СОСТАВОТ НА МАЈЧИНОТО МЛЕКО

Од првиот ден на раѓањето на детето, па сè до крајот на првиот месец од доењето се менува количеството и составот на мајчиното млеко. Од 1 до 3 ден се создава колострум, потоа од 4 до 14 ден е преодно млеко и тоа постепено поминува во зрело млеко.

КОЛОСТРУМ – млеко кое изобилува со протеини, а има помалку јаглехидрати и масти. Има и витамини растворливи во масти, како и имуноглобулини. Споредбено со останатите два типа на млеко, КОЛОСТРУМОТ изобилува со имуноглобулини, т.е. со заштитни фактори. Од тука произлегува и неговата главна функција – заштитна. Исто така, потпомага во празнење на цревата,  т.е. добивањето на мекониум.

ПРЕОДНО МЛЕКО – тоа е она кое настанува после колострумот, а полека преминува во зрело млеко. Неговиот сосотав од ден во ден се менува, за после две недели доење да премине во зрело млеко. Кај ова млеко постепено се намалува количеството на имуноглобулини и белковини,  како и липосолубилни витамини, а се зголемува концентрацијата на масти, лактоза и витамини растворливи во вода, како и вкупната количина на енергија.

ЗРЕЛО МЛЕКО – се јавува кон крајот на првиот месец на доењето.  Неговата енергетска вредност е 68 kcal/100ml. Мајчиното млеко не е еднакво на почетокот и крајот на подојот.  Затоа е многу важно детето при актот на цицање да ја испразни убаво дојката.

За процесот на успешно доење да може да се оствари, потребно е подготовка на мајката уште во текот на бременоста, за време на престојот во родилиштата и потоа да продолжи кај матичниот педијатар.

ОСНОВНИ СОВЕТИ ЗА ПРАВИЛЕН ПОЧЕТОК НА ДОЕЊЕТО И ЛАКТАЦИЈАТА

Зошто е важна правилната поставеност на бебето на града?

Спречува оштетување на брадавиците, појава на рагади на брадавиците, болка при доење, овозможува целосно дренирање на млекото во градите.

Се препорачува при доењето да не се употребуваат силиконски брадавици освен во состојби кои тоа го диктираат, како предвремено родени бебиња, рамни или болни или поделени брадавици, анкилоглосија, одредени деформитети на вилицата. За тоа дали треба да се употреби силиконската брадавица или не треба да се договори мајката со педијатарот или лактацискиот консултант или патронажната сестра.

ИСХРАНА НА МАЈКАТА ЗА ВРЕМЕ НА ДОЕЊЕТО

Доилките треба да се хранат здраво со разновидна и избалансирана исхрана. Енергетските потреби за време на лактацискиот период се зголемуваат за околу 500-650 килокалории дневно. Ова е особено важно за да се зголеми енергетскиот внес на доилките за околку 500 ккал днвено. Но ова правило важи само доколку станува збор за доилка која во својата бременост не ја зголемила премногу својата тежина. Доколку е премногу зголемена телесната тежина нема потреба да внесува дополнителни калории, бидејќи тоа може да влијае на количеството на млеко кое се произведува. Доколку исхраната за време на бременоста и доењето не е соодветна, мајката ќе ги троши сопствените резерви на нутриенти, а со тоа тие ќе се намалат во  нејзиниот организам.

Дневно треба да внесува 2-3 литри течности, а во летниот период внесот и потребите за течности можат да бидат и поголеми. Внесот на доволна количина на течности (вода, билни чаеви, природни овошни сокови) е важен за воспоставување и одржување на лактацијата. На долките им се советува да консумираат чаеви за доилки, кои се комбинација од билки кои ја поттикнуваат лактацијата, ги ублажуваат грчевите и ги ослободуваат гасовите од цревата.

Употребата на лекови треба да биде во консултација со педијатар или лактациски консултант.

За детално читање на овој текст, погледнете на 4-5 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АВГУСТ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>