Фармацевти
Контакт

<< Назад

Ментална виталност

септември 1, 2021

Даниела Ристиќ - Стомнароска
специјалист невролог

|

септември 2021

Како што старееме нашиот мозок се менува. Истражувањата покажуваат дека промените во структурата на мозокот почнуваат да се појавуваат по 50-тата година, што доведува до намалена циркулација на крвта и намалено снабдување на мозокот со кислород.

Постојаниот стрес води до формирање  штетни радикали кои можат да предизвикаат оштетување на мозочните клетки. Овие промени може да доведат до намалена концентрација, заборавеност, дезориентација и нарушувања на меморијата. Мозокот е незаменлив орган и е поврзан со моќта на умот, емоциите, имагинацијата, креативноста, знаењето и однесувањето на личноста. Поради процесот на стареење на мозокот, брзиот начин на живот и фактот дека мозочните заболувања се сè почести, уште поважно е да се грижите за вашиот мозок и да ја одржувате неговата виталност, што, пак, води до зачувување на квалитетот на животот.

Редовната грижа за мозокот е инвестиција за витален ум и вклучува: здрава исхрана, богата со антиоксиданти, вежби за мозокот, редовна физичка активност и лекови кои содржат екстракт од листот од гинко, кој го подобрува протокот на крв во мозокот и помага во одржување на менталната виталност.

Што е гинко билоба?

Гинко билоба е дрво, единствениот жив фосил на Земјата и најстариот вид на растение (пред 225 милиони години). Во ерата на ледената доба успева да преживее во Кина, па неговата лековитост со векови им била позната само на жителите од азиските земји. Во западната цивилизација пристигнува во  18 век и оттогаш станува најистражувана билка во светот. Дрвото се одликува со извонредни карактеристики кои му обезбедиле имунитет и преживување во екстремни услови (отпорност на инсекти, бројни микроорганизми, отрови, загадувачи на околината и радијација). За тоа сведочи и фактот дека дрвото Гинко билоба било единственото преживеано зелено растение по атомската бомба во Хирошима.

ЕКСТРАКТОТ ОД ГИНКО ИМА ПОВЕЌЕ КОРИСНИ ЕФЕКТИ ЗА МОЗОКОТ.

Ги штити крвните садови

Антиоксидантен ефект

Корисен ефект врз метаболизмот на мозокот

Ја подобрува циркулацијата

*Оксидативниот стрес предизвикува оштетување на биомолекулите, предизвикувајќи замор и недостиг на енергија. Исто така, го забрзува процесот на стареење и е причина за појава на различни заболувања.

Со само 2 капсули може да се постигне препорачаната дневна доза од 240 mg според европските водичи. За долготраен ефект, се препорачува да се зема најмалку 3 месеци или подолго. Не мора да се прават паузи.

За детално читање на овој текст, погледнете на 6 стр. во електронското издание на BETTY магазин (СЕПТЕМВРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>