Метаболен синдром – карактеристики, ризици и превенција
февруари 1, 2025
Метаболниот синдром претставува метаболно заболување КОЕ Е збир од неколку симптоми со повеќе ризик-фактори. Зголемувањето на преваленцијата на метаболен синдром оди паралелно со епидемијата на дебелината. Метаболниот синдром води до инсулинска резистенција што уште се нарекува преддијабетес.
Метаболниот синдром е комплекс на поврзани здравствени проблеми:
Зголемени вредности на триглицериди
Намален HDL холестерол
Зголемени вредности на крвниот притисок
Зголемени вредности на плазма шеќер на гладно и/или нарушена толеранција на гликоза при претходно третиран дијабетес
Прекумерна количина на маснотии во половината
Се смета дека 1 од 6 луѓе ги исполнува критериумите за дијагнозата метаболен синдром
Најприфатена хипотеза за механизмите на метаболниот синдром е инсулинската резистенција, отпорност кон метаболните ефекти на инсулинот, состојба при која нормалната вредност на инсулинот во телото предизвикува абнормален биолошки одговор, а зголемената концентрација на циркулирачки масни киселини е тригер за развој на инсулинска резистенција.
Според IDF (International Diabetes Federation) консензусот од 2005, дијагностички критериуми за метаболен синдром се:
- Централна дебелина, дефинирана како обем на половината ≥ 94 cm за мажи и ≥ 80 cm за жени ПЛУС
Најмалку два од следниве фактора:
- Покачени серумски триглицериди на гладно ≥ 1, 70 mol/L или специфичен третман за оваа липидна абнормалност
- Намален серумски ХДЛ холестерол на гладно < 1, 03 mmol/L кај мажи, или < 1, 29 mmol/L кај жени или специфичен третман за оваа липидна абнормалност
- Хипертензија, систолен крвен притисок ≥130 или дијастолен крвен притисок ≥85 mmHg или третман за претходно дијагностицирана хипертензија
- Покачена гликемија на гладно ≥5, 6mmol/l или претходно дијагностициран дијабетес тип 2, или земање терапија за намалување на шеќерот.
Ако вредноста е над 5, 6 mmol/l, има строга препорака за изведување орален тест за толеранција на гликоза, но не е неопходен да се дефинира присуството на синдромот.
Во прилог на поставување дијагноза за метаболен синдром спаѓа и постоење на најмалку три од следните ризик-фактори:
Фамилијарна компонента: роднини од прво колено со дијабетес тип 2
Угоеност: индекс на телесна маса (BMI) ≥ 30 kg/m2
Хиперурикемија: серумски урати на гладно ≥ 450µmol/l кај мажи,
≥ 340µmol/l кај жени
Микроалбуминурија: уринарен албумин ≥ 20mg/24 часа
Хиперинсулинемија: гликемија на гладно ≥ 7, 8pmol/l
(≥ 13, 0 mU/l)
Ако имате дијагностициран метаболен синдром, целта на третманот ќе биде намалување на ризикот од развивање на претходно наведените компликации. Првата линија на третирањето, но што е уште поважно и на превенцијата, е всушност свртувањето кон причините кои довеле до оваа ситуација – нездравата исхрана и лошите животни навики. Одредени суплементи, исто така значително влијаат на нормалниот метаболизам за мастите и шеќерите, така што нивното комбинирање може драстично да ги редуцира ризиците за појава на метаболен синдром. На пример :
Холин придонесува за нормален липиден метаболизам, за нормален метаболизам на хомоцистеин, за одржување на нормалната функција на црниот дроб.
Витаминот Б1 придонесува за нормална функција на срцето
Хромот придонесува за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта
Сув екстракт од лист од банаба - банабата придонесува за одржување нормален метаболизам на гликоза/јаглехидрати.
Раното откривање и третман на метаболниот синдром има за цел примарна и секундарна превенција на дијабетес мелитус тип 2, како и кардиоваскуларни заболувања (хипертензија, миокарден инфаркт, периферна артериска болест, мозочен удар), а возможно е да влијае и на депресија и Алцхајмерова болест.
М-р по фармација Маја Гоцевска
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци