Марта Чупевска - Млад автор на „ТРКАЛАЛАНИЦА“ од Едиција Светулка
Како што во ноќта се раѓаат најсветлите идеи, така пандемијата откри многу скриени таленти. Луѓето сфатија дека дома приготвената храна знае да биде многу повкусна од купечката. Заборавените книги на рафтовите, купени пред три саема, повторно станаа актуелни.
Порасна бројот на нетфликс акаунти и продажбата на
штафелаи. Се извадија друштвените игри од подрумите.
Родителите се свртеа кон домот и децата.
Терасите станаа мултифункционални: од кујна се претвораа во дневна, преку работна соба до игротека. Многумина си
набавија миленичиња, дури и најладнокрвните. Фрлањето
ѓубре стана омилена дисциплина, а гаражите никогаш не беа посредени.
Генералки се правеа на дневно ниво, гардероберите се редеа по боја и нијанса. Дури и најраскараните комшивки си подадоа рака и делеа турско по мезанините.
Физички толку далечни, а сепак никогаш поблиски. Иако си
мавтавме со маски под балкони и од растојание, бевме полни загриженост, љубов и емпатија едни кон други.
Кога мислевме готово не можеме повеќе, тогаш можевме најдобро. Времето како да почна да отчукува назаечки. Тогаш застанавме. Мирот и спокојот завладеаја. Лутината, бесот, нервозата и немоќта се канализираа во креативност.
Пенкалото ја бакна хартијата. Срцето се слеа со мастилото. Се роди песна. Настана книга. Постанав поет!
За детално читање на овој текст, погледнете на 31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2023).