Фармацевти
Контакт

<< Назад

Миеме рачиња – еден од начините да го заштитите вашето дете од СТРЕПТОКОКНА АНГИНА

декември 1, 2019

д-р Јасна Јермилова - педијатар
ПЗУ Медика МИМ




|

Додека детето е мало, лесно е да водите грижа за хигиената на неговите раце бидејќи му треба вашата помош. Проблемот се појавува кога детето ќе порасне и станува независно. Затоа, оваа здрава навика треба да ја стекне од помала возраст.



Миењето раце, како една од најважните хигиенски навики ја спречува појавата на многу болести. Затоа, важно е вашето дете да сака да ја прифати оваа навика и да знае дека тоа е за негово добро. Експертите препорачуваат неколку чекори кои што ќе ви помогнат:

*Задолжително користете сапун – Никогаш не заменувајте го сапунот со влажни марамчиња, освен во случаи каде тоа е неопходно. Детето треба да знае дека за да има чисти рачиња, треба да користи сапун и вода. Додека му покажувате како да го стори тоа, имајте во предвид дека миењето со сапун треба да трае не помалку од 20 секунди. Сапунот оставете го на место каде нема да собере вода и покажете му дека треба да биде исчистен од пената.

*Осигурајте се дека рацете се чисти – Објаснете му дека рацете треба да бидат добро измиени со многу вода. Сите дечиња сакаат да си играат со вода, но внимавајте водата да не биде премногу ладна; затоа на почеток можете да почнете со млака вода. Покажете му како внимателно да го измие просторот помеѓу прстите, убаво да ги истрие дланките и пределот кај ноктите. На крај убаво избришете ги со чист пешкир или пак хартиена крпа.

*Овозможете услови – На почеток можете да го држите во скут и откако детето ќе може да стои, овозможете услови тоа да го прави само. Не практикувајте да го оставате само ако стои на столче, додека ги мие рацете.

*Забавувајте се – Играта е најубавиот начин за да се научи нешто. Забавниот начин на објаснување и покажување на одредена активност секогаш ќе остави поголем впечаток кај детето и на тој начин тоа ќе посака да го повторува истото. Тоа можете да го сторите со некоја играчка, различен сапун или пак со песничка. Уште еден одличен начин со кој ќе му дадете до знаење дека оваа навика треба да трае малку подолго е броењето заедно.

*Објаснете му – При комуникација со децата, пристапот за време на објаснувањето има огромно значење. За сите ваши постапки важно е детето да знае зошто треба да ги прави работите коишто му ги кажувате. Потрудете се да му го насочите вниманието кон она за кое говорите. Користете техники како интересни видеа, песни и приказни поврзани со одредена тема.

*Бидете пример – Децата нечесто ги прават работите коишто им ги кажуваме, тие ги прават работите што ги правиме ние. Затоа, секогаш бидете пример за она што сакате да го прави вашето дете. Пред да ги измие своите раце, покажете му како вие ги миете. Исто така, можете да го замолите вашиот педијатар пред детето да ја потенцира важноста на чистите рачиња и хигиената како превенција од одредени заболувања.

За детално читање на овој текст, погледнете на 6-7 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2019).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>