Фармацевти
Контакт

<< Назад

МОВЕМБЕР – Месец на машкото здравје

ноември 1, 2022



Мовембер (англиски Movember) е годишен настан во кој мажите ги растат своите мустаќи и брада во текот на месецот ноември се со цел да се подигне свеста за здравствените проблеми на мажите, како што се ракот на простата, ракот на тестисите и менталното здравје кај мажите.

Movember фондацијата го одржува овој хуманитарен настан на www.movember.com. Целта е „Да го промениме лицето на машкото здравје“.

Со охрабрување на мажите да се вклучат, Movember има за цел да го зголеми раното откривање на ракот, дијагнозата и ефективни третмани и на крајот да го намали бројот на смртни случаи кои можат да се спречат. Покрај годишните прегледи, Фондацијата Мовембер ги охрабрува мажите да истражат за семејната историја на рак и да прифатат поздрав начин на живот.

Користејќи ги мустаќите како движечки симбол на настанот, Movember се фокусира на трите клучни области на рак на простата, рак на тестисите и ментално здравје и превенција од самоубиства.

Од основањето, Фондацијата Мовембер има собрано преку 837 милиони долари и финанси- рано над 1.200 проекти во повеќе од 20 земји. Во 2012 година, Global Journal го прогласиMovember како една од 100-те најдобри светски невладини организации.

ИСТОРИЈА

Seven Nightly News емитувале приказна во 1999 година, вклучувајќи група млади мажи во Аделаида, Јужна Австралија кои го измислиле терминот „Movember“ и идејата за одгледување мустаќи за добротворни цели во текот на месец ноември.

Во веста, членовите на „Movember Committee“ од Аделаида објасниле како дошле до идејата за Movember една вечер во пабот. Групата започна со 80 мажи од Аделаида и набрзо стана феномен на национално ниво. Тие, исто така, имале за цел да соберат пари за RSPCA преку продажба на маици во она што тие го нарекоа „Растење на мустаќи за мустаклии“.

Во 2004 година, неповрзана група во Мелбурн организирале настан на кој 30 мажи пуштале мустаќи 30 дена со цел да се подигне свеста за ракот на простата и депресијата кај мажите. Адам Гарон, Тревис Гарон, Лук Слетери и Џастин (Џ.С.) Кафлин инспирираle уште 26 пријатели со желба да го „вратат“ трендот на растење на мустаќи.

Следната година, речиси 500 луѓе собрале над 40.000 долари за Фондацијата за рак на простата од Австралија. Во тоа време, тоа била најголемата донација што PCFA некогаш ја добила. Оваа група подоцна ќе станува добротворна организација Movember Foundation. Три години по започнувањето на настанот Movember, организацијата добива официјален добротворен статус во Австралија. Фондацијата Movember оттогаш собрала 174 милиони долари ширум светот, откако се прошири во Јужна Африка и Европа, достигнувајќи до Северна Америка во 2006 година.

Во 2009 година, Movember доби официјален статус на добротворна организација во Соединетите Американски држави. Во 2010 година, учесниците само во САД собраа над 7,5 милиони долари. Во 2012 година, 1,1 милиони луѓе се пријавија да учествуваат, со што се собраа над 95 милиони долари.

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН МАЖ НА МОВЕМБЕР

Интернационален маж на Мовембер се бира од 21 земја ширум светот да ја носи круната и да биде заштитно лице на Мовембер цела година.

Секој национален победник е изгласан на главната Гала вечер во таа конкретна земја, оддржана на крајот од ноември, од судиите и гледачите.

Прв шампион беше Марк Најт од Лондон во 2010 година. Јужноафриканецот Антон Тејлор ја освои титулата во 2011 година, а во 2012 година беше Крис Твајтс од Нов Зеланд кој го освои посакуваниот појас. Во 2013 година беше крунисан Швеѓанецот Том Рикард.

За детално читање на овој текст, погледнете на 06-07 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Ноември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>