Сандра Јошевска
Моден стилист
Трендовите кои доаѓаат секоја сезона се раѓаат од модните писти, но навистина не оживуваат додека не бидат изнесени на улица.
Есенските трендови оваа сезона ќе бидат во изобилство на бои како длабока портокалова (од глава до пети), зелена боја како лимета, светло црвена, светло сина како и жешка розева па до класични бои како кафеава и сива.
Спроведувањето на драматични бои во вашата облека може да биде тешко за некои, но со лесно сварливи формули за облека, кој секој би можел да ги вклучи во игра.
Зелената боја го има своето деби во боја во форма на тесни фустани, блејзери во стил на машка облека, па дури и додатоци. Жешката розева боја дефинитивно го доживува својот момент во комбинации како розеви кожени панталони и сакоа.
Класичните есенски тонови како сива, беж-ванила лате и кафеава се ИН бои за оваа сезона, кои секој ги има во својот гардеробер. И бидејќи облекувањето во целосно бело е без сезонско, постојат чисто бели бои кои се чувствуваат понапредно од есенската мода. Најважна работа е тоа што го поседувате во вашиот гардеробер без разлика колку и да чини истото, да го искомбинирате до максимум на најубав начин. Модата е огледало на душата и зрачете секогаш на свој начин.
Секој има свој личен стил, кој открива кои сме ние што е исклучително унукатно за нас и не охрабрува да бидеме најдобрата верзија од себе. Личниот стил е метод, техника која сме ја избрале лично самите за да можеме да се претставиме кои сме ние како личности и како се гледаме себе си. Изборот на облеката ве прави да се чувстувате посамоуверено во самите себе, кога тоа ви е најпотребно.
Парчињата облека што ги поседувате треба да ве прават да се чувствувате убаво, исполнето и да се грижите да ви траат подолго. Доколку имате јасно изграден стил, многу е лесно да знаете што ви недостига во вашиот плакар и е многу лесно да вклопите што недостига.
Вашиот личен стил може да отиде и чекор понатаму и подлабоко во покажувањето кои сте вие при изборот на материјали и техники за облеката што ја носите. Затоа со висока самодоверба не плашете се да додадете нешто ново, поинакво од вашите моментални парчиња, зошто есенски бои што се ИН во моментов ќе зрачат од среќа и самоувереност во тоа кои сте вие!
За детално читање на овој текст, погледнете на 16-17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Октомври 2022).