Фармацевти
Контакт

<< Назад

Моќта на изговорените зборови

април 1, 2021



Постои закон на гравитација, електрицитет и останати закони во физиката. Постојат и духовни закони, како што е законот на причина и последица. Но, исто така, постои и закон на УМОТ. Мислата, изговорениот збор или реченица  излегуваат од нас според законот на умот и ни се враќаат како искуство. Брзината на нашите мисли е голема и во почетокот е тешко да се обликуваат, наспроти мислите изговарањето на мислата е бавно, но, исто така, изговорената реченица има голема моќ, а за тоа не сме ни самите свесни. Ако почнеме да ги анализираме зборовите кои се темел на она што постојано го создаваме во животот ќе забележиме дека многу зборуваме, а ретко кога сме свесни што зборуваме и како ги изговараме речениците. Многу малку обрнуваме внимание на изговорените зборови. Всушност, и многу од нас зборуваат во негација.

На училиште сме учеле како да зборуваме граматички правилно и како зборовите да ги употребиме во правилна граматичка форма, но не нè научиле дека изговорениот збор може да влијае на нашиот живот. Никој не нè научил дека мислите се креативни и дека буквално може да го обликуваат нашиот живот. Никој не нè научил дека она што ќе го дадеме во облик на мисла ќе ни се врати во облик на искуство. Цело време нè учеле „Однесувај се со другите онака како што сакаш да се однесуваат со тебе“, но никој не нè научил дека сме вредни да бидеме сакани, да бидеме почитувани.

Многу често ги прифаќаме пораките кои како деца ги добиваме од нашите родители, често сме слушале, „изеди го ова или она“, „намести ја собата“, „намести го креветот“, сè за да нè сакаат. Сме ја прифатиле идејата дека само доколку направиме некои работи ќе бидеме прифатени. Овие рани пораки го формираат нашиот внатрешен говор, начинот на кој разговараме сами со себе. Многу е важен тој говор сами со себе, бидејќи тој е темел на нашето дејствување и однесување. Ако се потценуваме таков ќе ни биде и животот, ако се сакаме и почитуваме животот може да ни биде прекрасен и весел. Почнете да ги слушате своите мисли, ако забележите ограничување или негативни зборови, изменете ги.

Она што во најголема мера предизвикува стрес а е поврзано со мислата и изговорениот збор е зборот „МОРАМ“ , овој збор треба да се отстрани од нашиот речник или мислење. Кога тоа ќе успееме да го направиме ќе се ослободиме од огромен притисок во говорот кој ни предизвикува стрес. Многу голем притисок си создаваме кога ќе кажеме „Морам да одам на работа“; „Морам ова... Морам она... Морам“. Колку би било поопуштено доколку би кажале „Јас избирам да одам на работа, бидејќи тоа сега ми овозможува да платам...“ Зборот избирам отвора нови можности во нашиот живот. Сè што работиме е наш избор, дури и тогаш кога ни се чини дека не е така. Ние ги бираме нашите мисли и ние сме одговорни за тоа што сме, за нашиот карактер, за нашата структура на личност.

Нашето однесување е тесно поврзано со сè она што се наоѓа во нашата потсвест, нашата потсвест не пресудува, таа сè прифаќа и сè прави со согласност со нашите верувања. Таа на сè вели ДА. Нашата потсвест ни го дава сè она што ние го изјавуваме. Но, ние можеме да направиме избор, ако направиме избор на лоши верувања и ставови, се претпоставува дека тоа и го сакаме. Потсвеста ни го дава сè она што го сакаме сè додека не ги промениме мислите, зборовите и верувањата. Секогаш имаме можност да направиме избор и промена на нашите мисли. Нашата потсвест не прави разлика помеѓу вистинито и лажно, добро и лошо. Доколку кажеме „Ах, колку сум глупава“ потсвеста тоа го усвојува и после одредено време така и ќе се чувствуваме. За да бидеме среќни и задоволни, потребно е да се ослободиме од негативните мисли и уверувања.

Почнете да ги користете ги афирмациите: дека сте личност вредна за љубов, афирмацијата е почетна точка на промена. Со афирмацијата ѝ кажуваме на потсвеста „Преземи одговорност! Свесна сум дека треба нешто да променам“.

Кога зборуваме за афирмации мислиме на свесно избрана реченица која ќе помогне или свесно да отстраните нешто од животот или во животот да создадете нешто ново на позитивен начин. Кога ќе кажете „Не сакам да бидам повеќе болна“, потсвеста ќе слушне повеќе дебела. Треба јасно да кажеме што сакаме, кажете: „Прекрасно се чувствувам, зрачам со здравје!“ Потсвеста тоа што го слуша тоа и го остварува.

Со примена на афирмациите може да се ослободиме и од навики кои ни пречат и не ги сакаме, да се ослободиме од нешто што не го сакаме во нашиот живот. Тоа може да се однесува на луѓе, ситуации, објекти во животниот простор. На пр., „Те благословувам со љубов, те пуштам оди си“.

Размислите на момент што би сакале во овој момент? Што сакате денес во вашиот живот? Кога првпат се изговараат афирмациите на почеток може да ви се чини дека тоа не дејствува и дека не е сето ова вистина, но бидете трпеливи афирмациите се како семето кое ќе го посадите во земја, кога ќе го посадите семето нема утредента да порасне цвет, потребно е време за да се појави цветот. Ако бидете упорни и ако ги изговарате афирмациите ќе дојде момент кога или ќе се ослободите од сè она што не го сакате во вашиот живот или ќе ви се отвори нова врата во животот. Афирмациите се изговараат во сегашно време и не треба да се однесуваат на акција која ја прави друга личност,   на пр., „Тој сега ме сака“ тоа не е афирмација, тоа е манипулација, на тој начин сакате да контролирате нечиј туѓ живот. Тоа најчесто може да предизвика бумеранг ефект и ќе бидете несреќни што не сте го добиле тоа што сте го сакале. Можете да кажете: „Мене ме сака прекрасен човек кој е...“ ги кажувате квалитетите кои ги сакате во врската, на овој начин ќе се развие моќта во вас да најдете личност која ќе ги има задоволи тие квалитети.

Вежба за ослободување од анксиозност и страв со правилно изговорени реченици

Ова е едноставна но ефективна вежба за ослободување од чувството на анксиозност, стравови или фобии. Пред да почнете да ја вежбате е пожелно да направите листа на сите луѓе, места или ситуации кои прават да се чувствувате анксиозно, загрижено или плашливо сега или во минатото. Оваа вежба може да ја примените кога сакате за да се ослободите од минати стравови и грижи или доколку во моментот чувствувате страв, грижа или анксиозност.

Како се изведува оваа вежба?

Седнете, опуштете се, сетете се на една ситуација, место или луѓе од вашата листа и вербализирајте ги гласно сите мисли или чувства кои ви надоаѓаат, како, на пр., „Јас сум загрижена и уплашена, Престрашена сум...“ Повторувајте ја оваа фраза колку што можете побрзо. Ќе забележите дека кога ќе ја повторувате оваа фраза таа ќе се спојува, преклопува и на крај ќе почнете да мумлате. Во тој момент почекајте и видите дали ви се јавува некоја нова фраза.

Многу е важно доколку патите од некоја фобија, на пример, доколку сте уплашени од нешто посебно како што се пајаци, земјотрес, дека ќе се разболите од некоја посебна болест, морате да го споменте и тој збор. Доколку не ги изговорите, нема да бидете во состојба да го прекинете маѓепсаниот круг на стравот или фобијата.

Еден од коментарите кои ги имаат луѓето што често чувствуваат анксиозност е дека се плашат да ја изговорат фразата, бидејќи веруваат дека ако ја изговорат уште повеќе ќе се плашат. Но, доколку пробате да заборавите на проблемот сè што ќе се случи е овие стравови уште повеќе да се всадат во несвесното на личноста и тоа ќе предизвика уште поголеми проблеми или во вид на преголема анксиозност, паника, главоболка и сл.

Но, ако успееме да вербализираме, да ги отпуштиме чувствата на анксиозност – без разлика дали ќе ги освестиме мислите, искуствата или сеќавањата на причините – во тој случај овие чувства нè напуштаат. Кога ќе излезат од нас, не се повеќе заклучени во несвесното и нема повеќе да ни прават проблем. Како резултат на ова ќе почувствуваме освежување и задоволство.

(Текстот е дел од програмата за антистрес терапија. Реконструирајте ги своите мисли и ослободете се од стрес, анксиозност и напнатост со усвојување на целата програма за антистрес терапија со примена на автоген тренинг, повеќе информации за тренингот на as.anima@hotmail.com )

За детално читање на овој текст, погледнете на 16-17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>