|
Верувањето во моќта на драгоцените и полудрагоцените камења датира од многу одамна. Луѓето, покрај тоа што овие камења ги користеле како декорација и украс, од нив изработувале накит и видови амајлии со кои верувале дека се заштитувале или си ја предизвикувале сопствената среќа.
Во различни култури, луѓето различно ги толкуваат значењата на овие камења, но постои и голем дел од тие верувања што станале глобални.
Според верувањата, правилно избраниот камен може да донесе среќа, мир, љубов, благосостојба, како и да помогне при одредени заболувања и болести. Со енергијата што ја носат во себе, постојат камења за кои се верува дека заштитуваат од негативните влијанија на околината, од лошите мисли и комплицираните психофизички состојби.
Аметист – каменот на мир, рамнотежа, мудрост, храброст и спиритуалност. Претставува кристал за заштита, благородност, медитативност, внатрешен мир и спокој во душата. Аметистот е природно обоен кварц, кој поради виолетовата боја веднаш привлекува внимание. Постојат испитувања кои покажуваат дека причината за различните нијанси на каменот зависи од количината на железо во кристалната решетка на кварцот. Една од најпознатите карактеристики на аметистот е тоа што ја апсорбира негативната енергија и има релаксирачки ефект. Покрај тоа, се верува дека аметистот помага при подобрување на проблемите со фокусот, како и со опсесивните мисли.
Тиркиз – камен на радост, живот и богатство. Магичната боја на тиркизот различно се толкува во различни култури, но најчесто се верува дека ги зацврстува пријателствата, влева храброст во човековите одлуки и заштитува од лошите влијанија. Како еден од најстарите минерали, овој камен потекнува од Персија и Египет каде фараоните го користеле при изработка и декорирање на своите круни, бидејќи верувале во неговата заштита. Се верува дека тиркизот го зајакнува имунитетот, ги штити забите, како и коските и помага при болки во грлото.
Месечев камен – камен на мистеријата. Постојат повеќе приказни и верувања во врска со овој камен, но најчесто се вели дека поради смирувачкиот ефект тој носи слатки и убави соништа, го исполнува срцето со љубов, ги контролира турбулентните емоции и ги разбиструва мислите. Се верува дека месечевиот камен придонесува во зајакнување на комуникацијата и претставува водилка низ комплексните и конфликтните ситуации. Се верува дека носи ситост и го намалува чувството на глад, па тоа го прави омилен камен на оние што се борат со вишокот килограми. Ова е камен кој, исто така, влијае позитивно на мозочните функции, како и на подобрување на интелигенцијата. Најчесто го носат музичари, уметници, писатели кои веруваат дека ја развива нивната креативност и давајќи им инспирација ја буди нивната фантазија и го надополнува нивниот талент.
Изберете го својот камен според месецот во кој сте родени:
- јануари: гранит, розов кварц
- февруари: аметист, оникс
- март: аквамарин, црвен јаспис
- април: дијамант, горски кристал
- мај: смарагд, хризопрас
- јуни: бисер, месечев камен
- јули: рубин, карнеол
- август: сафир, авентурин
- септември: сафир, ахат
- октомври: опал, розов турмалин
- ноември: тиркиз, цитрин
- декември: лапис лазули, тиркиз
Еве кои камења одговараат според хороскопскиот знак:
- овен: јапсис, дијамант
- бик: тиркиз, сафир
- близнаци: бисер, тигрово око
- рак: смарагд, месечев камен
- лав: турмалин, сардоникс
- девица: гранит, цитринвага, опал, лапис лазули
- скорпија: аквамарин, рубин
- стрелец: сафир, тиркиз
- јарец: рубин, гранит
- водолија: опал, аметист
- риби: сафир, аметист
За детално читање на овој текст, погледнете на 30 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2020).