Фармацевти
Контакт

<< Назад

На што треба да припазите за намалување на иритации од пролетни алергии

мај 9, 2023



Пролетните алергии намелете ги со превенција.

Сезонските алергии се проблем за милиони луѓе ширум светот. Со оглед на тоа дека со пролетта доаѓаат поблаги временски услови, се ослободуваат алергени. Дрвјата, тревата и плевелите се некои од најчестите предизвикувачи на алергии кога сте надвор, а околу 30 проценти од населението во светот страда од нивните последици. За справување со сезонските алергии најчесто се користат лекови пропишани од страна на лекар, но експертите посочуваат дека постојат совети на кои треба да се придржувате заради ублажување на овие симптоми.

Зошто треба да се туширате навечер?
Експертите велат дека туширањето во вечерните часови може да го направи спиењето многу попријатно за луѓето со алергии. Миењето на полен од кожата и косата ги задржува алергените подалеку од постелнината и перницата.

Избегнувајте утриски прошетки
Во утринските часови, меѓу 5 и 10 часот концентрацијата на полен во воздухот е највисока, па лекарите советуваат, ако е можно, да избегнувате излегување во тој период.
Најдобро е да се излезе по силен дожд, бидејќи го отстранува поленот од воздухот. Луѓето кои страдаат од алергии имаат најмногу проблеми кога е суво, топло и ветровито.

Прочистете го воздухот во собата
Затворете ги вратите и прозорците во домот или прозорците на автомобилот кога има висока концентрација на полен. Вклучете климатизер во автомобилот, а во домот, користете прочистувач за воздух и често смукајте.

Избегнувајте врсти на храна
Ова особено се однесува на суровата храна и свежо овошје, бидејќи на некои луѓе од тоа ги чеша устата.

Облечете се адекватно кога излегувате надвор
Носете голема шапка и очила за сонце за да можете да ги чувате очите од поленот. Некои луѓе, исто така, треба да носат маски ако излегуваат надвор.

За детално читање на овој текст, погледнете на 26 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Март 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>